СДСМ уште еднаш на дело покажа дека освен водењето црна, политичка кампања и негирањето на сѐ што сработила Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, друго и не знаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.За лицемерието да биде уште поголемо, додека СДСМ беа на власт не реализираа ниту една инвестиција или било каков проект од областа на образованието во нашиот град.
Народот тоа добро го знае и памети! Господа од СДСМ, ќе ве потсетиме само на мал дел од многуте реализирани проекти од образованието, кои со посветено и транспарентно работење ги остваривме за интересите на прилепчани, проекти кои го зајакнуваат столбот на секое општество, квалитетно образование.
Во ООУ„Кире Гаврилоски-Јане” успешно е извршена санација на санитариите како и поставување на нови подови, проект во висина од 1.800.000 денари. Во ООУ„Климент Охридски” извршена е замена на постоечките врати со нови ПВЦ во 14 училници, плус поставен е линолеум со еколошки својства.
Покрај промената на вратите, училишната сала доби нов под со најсовремени, спортски карактеристики. Во училишниот двор се поставија нови бехатон плочки, плус беше извршена целосна промена на водоводната, фекалната и атмосферската мрежа. На барање на граѓаните беше отворен и продолжен престој во ова училиште.
Во населбата Варош, извршена е целосна реконструкција на ООУ „Блаже Конески” со што инсталирано е централно парно греење на течно гориво, променети се плочките во ходникот на прв кат, плус направена е реконструкција на санитариите и дел од влезот. ООУ „Добре Јовановски” доби најмодерно игралиште со вештачка трева во кое конечно децата можат во најнормални услови да ги практикуваат сите спортски активности. Основното музичко училиште „Ордан Михајловски Оцка” покрај новиот систем за централно греење, доби громобранска инсталација за заштита на објектот. Нова електрична инсталација е поставена и во ООУ„Круме Волнароски” во село Тополчани.
Во подрачните училишта во село Ново Лагово и село Галичани извршена е реконструкција на кров и тавани, а со помош на средства од МОН поставено е и ново монтажно училиште во село Чепигово. Државното средно училиште „Кузман Јосифовски Питу” доби нова сала, инвестиција на Владата вредна 24 милиони денари, во рамките на проектот за изградба на 145 нови сали.
Ве потсетуваме дека на територијата на Општина Прилеп, во сите основни и средни училишта преку разни санации и реконструкции се инвестирани над 10 милиони евра, средства обезбедени од Владата и локалната самоуправа.
Ова се само дел од реализираните проекти од времето на нашето владеење. Жално е тоа што СДСМ сѐ уште мислат дека сегашниот начин на работа е ист со оној од времето кога тие беа на власт, па токму поради тоа се должи и ова нивно излагање, како одраз и одлика на едно поинакво време, кое за сета среќа помина и никогаш нема да се повтори.
Вие се запрашувате на што се должи катастрофалниот рејтинг на СДСМ, ние ќе ве потсетиме дека сите наши ветени и остварени проекти, вклучително и оние од областа на образованието ја чинат токму големата разлика помеѓу нас и Вас, затоа што Вие во времето на вашето работење, оставивте само огромна 0, како број на реализации во образованието.
Престанете да ја дефокусирате јавноста. Излезете на избори и дозволете граѓаните да го дадат својот конечен суд за вашето деструктивно работење против сопствената држава, затоа што народот е мудар и свесен за да согледа кој работи позитивно за доброто на Македонија, а кој се обидува да го подрива македонското, национално, ткиво!За лицемерието да биде уште поголемо, додека СДСМ беа на власт не реализираа ниту една инвестиција или било каков проект од областа на образованиет