Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Виктор Здравески – Претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.- Да ја започнеме пролетта во духот на денешниот ден – со еколошка акција. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организираше акција за чистење на сите објекти од досега испишаните погрдни пароли од страна на СДСМ.
Многубројните апели кои досега ги упативме за запирање на спреј-кампањата и уништувањето на јавните, но и објектите во приватна сопственост на наши сограѓани, не дадоа резултати. Токму затоа на денот на пролетта и екологијата се одлучивме за акција за подигање на свеста кај сите граѓани – Да го чуваме Прилеп убав и чист!
Грижејќи се за тоа што е направено ја покажуваме и нашата сериозност и одговорност кон иднинатата. Јасно е дека довербата на граѓаните не можете да се добие со уништување на она што е направено туку со реални проекти, видливи, изградени објекти, мерки и прецизна политика.
Политика на програма и отчет за сработеното! Транспарентно за секој реалзиран проект за доброто на нашиот град и Македонија.
Денес, Прилеп е еден од најубавите градови и гордост на прилепчани, а ние младите тука ќе ја градиме нашата иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.- Да ја започнеме пролетта во духот на денешниот ден – со еколошка акција. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организираше акција за чистење