Во прилог ви ја донесуваме денешната прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.Интегрален текст од обраќањето:
Жално е што уште еднаш гледаме една ваква слика, уништени објекти и испишани погрдни зборови што само се доказ за очајот и безидејноста во опозициските редови. Разочарува фактот што ваквото девијантно однесување продолжува и по многубројните апели од наша страна за тоа да престане. За жал ова зад нас и на голем број други места во Прилеп, СДСМ го оставија со доаѓањето на нивни високи функционери во саботата.
Ваквото однесување е доказ за тоа дека СДСМ не го слуша гласот на народот кој негативната кампања ја казнува на избори. Денес, почитувани наши сограѓани кои сте дел од СДСМ, ве повикуваме уште еднаш да престанете со уништување на приватни и државни објекти во нашиот град! Исто така, ве повикуваме да излезете и да ги исчистите графитите со кои го унакажувате нашиот прекрасен град кој е еден од најчистите и најубавите во Македонија.
Истовремено е гордост на секој прилепчанец! Довербата на граѓаните не можете да ја добиете уништувајќи го она што е направено. Граѓаните, осбено младите луѓе веруваат на реални проекти ставени во програма, а не на транспаренти и графити со недолична содржина. Ваквата ваша безидејност само ја воочува огромната разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Додека опозиционерите уништуваа низ нашиот град, претседателот на нашата партија промовираше нови седум мерки и проекти исклучиво наменети за младите луѓе.
Ваквите проекти се однесуваат на сите млади луѓе. Новите мерки и поекти и претходно помовираните се 21 решение на проблеми и помош при исполнувањето на предизвиците кои ги имаат младите луѓе. Само во последните два месеци промовиравме 21 нов проект меѓу кои се: „Македонија вработува“, „Купи куќа за млади“ за кој има огромен интерес и кој е ретка прилика под исклучително поволни услови младите да се здобијат со свој сопствен дом. „Бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети“, „бесплатен железнички викенд за млади до 27 години“, реконструкција на студентски домови, изградба на читални, спортски игралишта и скејт паркови.
Најавивме и директно вработување за најдобрите 100 студенти од петте најдобро рангирани универзитети во Македонија како и проектот „Млади амбасадори“ со кој ќе бидат доделени стипендии на срдношколците кои ќе постигнат успех на меѓународни научни олимпијади. Стипендии за постдипломски и докторски студии, како и можност за студентите кои се запишале со кофинансирање да им се намали партиципацијата за 50%, доколку постигнат просек од 8,5.
Почитувани, Ова се само дел од проектите кои ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ за младите луѓе во новата програма 2016-2020 година, а ова зад нас е концептот на работа на СДСМ. Разликата е повеќе од очигледна.Интегрален текст од обраќањето:
Жално е што уште еднаш гледаме една ваква слика, уништени објекти и испишани погрдни зборо