Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, континуирано вложува во сите области, вклучително и здравството како еден од столбовите за подобар живот на граѓаните на Република Македонија.Интегрален текст од прес-конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Марија Стојческа, член на Комисија за здравство при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
Во изминатите 10 години, се работи посветено на унапредување на здравствениот систем во Република Македонија и подигнување на квалитетот на здравствените услуги. Најдобар показател и признание за посветената работа во оваа област е европскиот здравствен потрошувачки индекс (EHCI) каде Република Македонија за период од една година оствари напредок од вкупно 11 места (од 27 место во 2013, на 16 место во 2014 година) и веќе две години со ред земјата бележи високо рангирање.
Реализирани се многубројни инвестиции во најсовремена медицинска опрема, унапредување на здравствената инфраструктура и доусовршување на медицинскиот кадар по примерот на развиените земји во Европа и светот. Инвестирани се над 200 милиони евра. За првпат после 50 години во Република Македонија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја основа првата државна кардиохирургија, вкупна инвестиција од 140 милиони денари. Успeшно функционира Детската кардиохирургија во која интервенции вршат најреномирани доктори од САД.
Изграден е и најсложениот здравствен објект ПЕТ-центарот со најсовремена опрема за дијагностицирање, следење и лекување на болести по најсовремени методи, инвестиција во висина од 16 милиони евра. Според најнови светски стандарди изграден е комплетно нов објект „Детска болница-Козле”, еден од капиталните проекти за македонскиот здравствен систем, инвестиција во вредност од околу 7 милиони евра. Покрај во здравствена инфраструктура, континуирано се вложува и во најнова опрема. Набавени и инсталирани се нови апарати за компјутерска томографија на Универзитетската клиника за неврологија и Поликлиниката „Јане Сандански” со што за првпат се воведува оваа дијагностика на ниво на здравствен дом, а со тоа се доближува здравствената услуга до граѓаните. Нови мамографи се обезбедени за повеќе јавни здравствени установи во повеќе градови низ Република Македонија, меѓу кои и Прилеп.
За првпат е обезбедена терапија за лицата со ретки болести на товар на државата. Успешно функционира и проектот „Рурален доктор”, покрај отворањето аптеки во руралните средини. Почнувајќи од 01.02 2012 година, до крајот на 2015 година, извршени се 8 намалувања на цените на лековите, со кои се опфатени над 4.700 лекови. Исто така овозможивме зголемување на капитацијата за матичните лекари и матичните стоматолози. Ова се само мал дел од вкупно реализираните проекти со кои значително го подобривме здравствениот систем. Во ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп реализирани се низа проекти со кои им овозможивме на нашите сограѓани поквалитетни услуги. Со новата фасада за која беа издвоени 3.500.000 денари е целосно изменет ликот на оваа институција. Во моментот се извршува промена на мебелот во амбулантите и лабораториите, инвестиција во висина од 1.500.000 денари.
Претходно инвестирани се околу 5 милиони денари за промена на надворешната дограма, реконструкција на санитарни чворови, водоводна и канализациона мрежа, a реновиранa e и санитарно хемискатa лабораторија. Одделението по микробиологија со паразитологија е збогатено со нов апарат Автоклав за стерилизација на нечист биолошки материјал и микробиолошки подлоги и реагенси, за кој беа издвоени 1.195.000 денари. За потребите на истото одделение е набавен и апарат Елиса со чија помош се докажуваат антителата во крвта врз основа на промена на боите.
Исто така набавен е Апарат Инкубатор- Back Alert за автоматска детекција на микроорганизми во човечка крв во вредност од 1.240.000 денари. За одделението по хигиена со здравствена екологија набавен е апарат Манометар, Апарат Спектрофотометар, апарат со кој се одредуваат различни параметри при анализа на храна и вода. Исто така во ова одделение е набавен апарат за одредување на содржината на масти во различни примероци на храна.
Во висина од скоро 3 милиони денари, набавен е и Апарат HPLC со чија помош се врши квантитативно одредување на вештачки бои, засладувачи, конзерванси и сл. Не изостануваат инвестициите и во Здравствениот Дом кој доби целосно нова фасада, покрај извршената реконструкција и замена на внатрешната дограма со нова, реновирање на ходниците, скалите, поставувањето и пуштање во употреба на нов лифт, промена на надворешната дограма, подовите и набавка на повеќе апарати во висина од 6 милиони денари.
Ве потсетуваме дека во полн ек се одвива досега најзначајната инвестиција во прилепската болница со која ќе се изврши целосното реконструирање на болницата, за која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвои 68 милиони денари.
Со оваа реконструкција се опфатени санитарните јазли, операционалните сали, болничките соби, поставување на нови внатрешни подови, дограма, плафони и осветлување, како и инсталација на 4 нови лифтови. Исто така ќе се изврши и промена на надворешната дограма во делот во кој досега немало никаква промена и реконструкција.
Почитувани, ова е само дел од реализираното во здравството. Ова се остварени дела ова се вистински, реални придобивки кои граѓаните ги чувствуваат и поддржуваат. Тука не застанува нашата работа.
Продолжуваме и понатаму со остварување на ветеното!Интегрален текст од прес-конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Мар