Културата, уметноста и традицијата го опишуваат кодот на секој народ изборуваат за неговото постоење низ вековите, неговата посебност и специфичност. Изминативе години ВМРО-ДПМНЕ исклучително посветено работи на зачувување, негување и грижа за македонското културно наследство, како и поддршка на уметноста и творештвото.Текст од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп
Еден од најновите реализирани проекти во областа на културата во нашиот град е проектот кој го реализираше Националната Установа Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп за непосредна заштита на административната зграда. Овој проект опфаќа поставување на термо и хидроизолациона заштита и замена на ќерамидите на зградата во која е сместена институцијата.
Истата ја сочинуваат 5 објекти и тоа депоата со археолошки материјал, зградата каде се наоѓа етнолошкото и историското депо како и зградата во која е сместено депото за големите керамички експонати, административните простории, постојаната археолошка поставка, библиотеката и постојаната етнолошка поставка.
Во тек е обновата на опожарените конаци, изработката и реализацијата на проектите за црквата, трпезаријата, магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата во манастирот Трескавец. Реализиацијата се одвива според предвидената динамика, а целосната обнова на опожарените конаци е предвидена за 2018 година. Имајќи го во предвид новоизградениот пат до манастирот во должина од 7,5 км, инвестиција вредна 1,4 милиони евра овој манастирски комплекс станува значајна содржина за развојот на манастирскиот туризам во Прилеп.
Од повеќето проекти кои во целост се завршени ќе ги споменеме реконструкција на источниот конак на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ – Варош, реконструкцијата на манастирскиот комплекс „Свето Преображение“, с. Зрзе како ипатот кој води до манастирот и е во должина од 8 км, инвестиција вредна 80 милиони денари. Со ова манастирот доби голем број посетители, а верниците уште едно место каде го наоѓаат својот спокој.
Завршена е и реконструкција на покривите од црквите св. „Никола“ и св. „Димитрија“ во Варош, при што е направена целосна замена на подпокривната подлога. Во црквата св. „Никола“, Манастир-Мариово завршена е конзервацијата на фрескоживописот како и конструктивното зајакнување на темелите.
Изграден е и локалниот пат од с. Лениште до Манастир „Св. Петка“ во вредност од 6,6 милиони денари, каде претходно беше пуштен во употреба водоводот во манастирот.
Проекти кои со гордост сведочат за посветеното работење на ВМРО-ДПМНЕ во областа на културата се реконструкцијата на Участакот, конзервацијата и реставрацијата на Саат-кулата во Прилеп и реставрација на куќата на Бектешовци.
Реконструирана е големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, при што е извршазамена на подот, претапацирање на повеќе од шестотини седишта, нова сцена и нов систем на затоплување. Во библиотека „Борка Талески“ заменет е инвентарот и реновиранае големата читална.Отворена е подрачната библиотека во с.Тополчани.
После долги години започна да функционира новото кино „Мис Стон“. Изградени се спомен обележја на Методија Андонов – Ченто, Прилепските бранители, Карпалак, Кузман Јосифоски – Питу, Ѓорче Петров, Блаже Конески, Круме Кепески, Итар Пејо и Крал Марко. Во насока на поблиско запознавање на туристите кои поминуваат низ Прилеп со нашата историја и култура оформена е нова археолошка поставка во рамките на Националната Установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп која опфаќа околу илјада артефакти од археолошките локалитети во Прилеп и Прилепско: Стибера, Врбјанска Чука, Трештена Стена, Сламите, ГорноСело, Трпчева црква и Маркови кули, со што градот Прилеп доби уште една туристичка атракција. Исто така на градскиот плоштад отворена е сувенирница.
Реализираните проекти сведочат за нашето работење како што археолошките ископини сведочат за нашате корени и историја.
Продолжуваме да ги заштитуваме цврстите темели на нашата држава и да градиме подобра иднина за сите нас. Македонија постои низ вековите и Македонија ќе ги одгледа нашите поколенија. На 11-ти декември заеднички ќе покажеме дека нашиот народ е непокорен и цврсто ќе застане во одбрана на унитарноста на нашата држава.Текст од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп
Еден од најновите реализирани проекти во областа на културата во наши