Почитувани сограѓани, Почитувани претставници на медиумите, За разлика од нашите политички противници за кои единствениот начин да дојдат на власт се: уцени, закани, деструкција, ние од ВМРО-ДПМНЕ за Македонија се грижиме со дела, со проекти и инвестиции преку кои отвораме нови работни места! Тоа се истите тие лицемерни луѓе кои на почетокот на нашата кампања за привлекување на нови инвестиции, дрско и зајадливо тврдеа дека се фрлаат народни пари, тое се истите тие кои оддржаа десетици прес конференции во зоната во Алинци тврдејќи дека тоа е само празна ливада. Додека тие спроведуваа сценарио за хаос и дестабилизација, ние се боревме со хаосот, но во исто време и многу посветено работевме. Денеска сите вие, ние но и тие кои се обидуваа да созададат хаос сме сведоци на отворени нови фабрики, нови инвестиции и нови вработувања! Само во период од 5 години, централната и локалната власт предводени од ВМРО-ДПМНЕ создадоа услови за привлекување на нови домашни и странски инвестиции кои веќе се реализираат и отвораат нови работни места за нашите сограѓани. Во технолошко – индустриската развојна зона Алинци во само 1 година се реализираа две големи странски инвестиции: американската компанија ,,Гентерм” во која веќе работат 600 наши сограѓани, а која ќе вработи вкупно 2000 луѓе, како и германската ,,Акомпласт” која е веќе во завршна фаза на изградба и во која ќе се вработи 250 лица. Во индустриската зона Прилеп 1 – Металец, продадени се сите локации. Изградени се 5 објекти кои започнуваат со производство, а другите се во тек на изградба. Само со инвестициите во Металец ќе се вработат 2000 лица. Во индустриската зона Прилеп 2 веќе се продадени 5 парцели, а уште 7 ќе се понудат на продажба со што ќе се обезбедат услови за вработување на уште 1000 лица. Почитувани сограѓани На 11-ти декември нѐ очекуваат историски избори! Историски избори на кои прилепчани ќе кажеме: НЕ, за деструктивната политика на Заев и СДСМ и секако ќе кажеме ДА, за Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ со коалицијата и за нови проекти за Прилеп! ДА, за отворање на нови фабрики и нови работни места! Ние прилепчани ќе кажеме да, за отворање на уште една фабрика за која носителот на листата на пратеници во ИЕ 4, Никола Груевски пред само неколку дена од Прилеп најави дека германската компнија „ВИГ“, одлучи и ја објави својата одлука за инвестиција во ТИРЗ Прилеп. Ќе обезбеди 1000 нови вработувања за Прилеп и околните места. Се работи за глобална компанија која ќе изработува апарати за домаќинството и која веќе има производствени погони во Кина и Индонезија, а погонот кој ќе го отворат во Македонија ќе произведува апарати кои ќе се извезуваат на европскиот пазар. Планот е да започне да се гради фабриката во првиот квартал од наредната година на 10 000 квадратни метри и да биде готова до крајот на идната година кога ќе почне производството. Она што е исклучително важно е што во првата фаза планираат 1000 вработувања, но имаат стратегија за понатамошно развивање на фабриката. Со цел да ја намалиме во наредните години уште повеќе невработеноста, во новата програма на ВМРО – ДПМНЕ имаме неколку проекти. Еден од нив е и проектот рурални развојни зони. Со проектот се предвидуваат даночни и други ослободувања, како и финансиска помош за лица кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја во Република Македонија опфатени со овој проект. За поддршка на инвестициите во руралните средини се предвидени следниве мерки:
– Ослободување на данок на добивка за 10 години – Ослободување на персонален данок на доход за период од 10 години – Ослободување од плаќање на социјални придонеси во висина од 50% во период од 10 години – Ослободување од царина и ДДВ за увезена опрема и реализација на инвестицијата – Изработка на урбанистичка планска документација од страна на државата – Обезбедување на грант за креирање на работни места и тоа по 2000 евра за невработено лице евидентирано во АВРМ подолго од 6 месеци и 4000 евра за вработување на стечаен работник.
Како и уште неколку други поволности кои што сите можете да ги видите во новата програма на ВМРО – ДПМНЕ! Токму заради ваквите реални проекти со кои ќе се намали невработеноста и ќе се подобри животниот стандард на прилепчани, на 11-ти декември граѓаните на Прилеп и Р. Македонија ќе кажеме НЕ за уништувачката политика на Заев и СДСМ! Ќе кажеме НЕ, затоа што ние во Прилеп си ја сакаме државата! Со заокружување на бројот 1 на гласачкото ливче и листата на пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата предводена од Никола Груевски, го даваме својот глас за Прилеп кој оди напред, го даваме својот глас за просперитетна Македонија!
Ви благодарам!
Тоа се истите тие лицемерни луѓе кои на почетокот на нашата кампања за привлекување на нови инвестиции, дрско и зајадливо тврдеа дека се фрлаат нар