Една од стратешките приоритети и цели на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за наредниот период е да се продолжи со зголемување на економскиот раст и вработеноста, со постојаното зголемување на животниот стандард на граѓаните и постигнување на подобар и поквалитетен живот.Намалувањето на невработеноста беше, е и ќе биде една од приоритетните цели на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Во изминатиот период отворањето на нови работни места посебно за младите лица придонесе поголема ангажираност на младите родители на младите мајки, а со тоа и зголемување на потребата за згрижување на повеќе дечиња во детските градинки. Затоа почитувани граѓани ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во својата програмата Реално согледувајќи ги потребите на своите граѓани испланира за реализација голем број на проекти меѓу кои и проектите за изградба на 100 нови детски градинки во повеќе градови на Македонија. Со ова ќе се реши проблемот на згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, односно со овој проект ќе ги зголемиме капацитетите за околу 18.000 деца. За ова се предвидени средства во изност од 25.000.000 евра.
Конкретно во нашата општина Прилеп ќе бидат изградени две нови детски градинки и тоа една во населба Точила и уше една нова градинка во населба Рид. Со цел понатамошно унапредување, подобрување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, и социјалниот развој на детето до 6 години, планирано е и понатаму да се инвестира и во проширување на капацитетите во постоечките детски градинки во општинава. Идната Влада разработи и концепт и пакет мерки за стимулирање на изградба на приватни детски градинки/центри за ран детски развој, односно обезбедување на градежно земјиште со вредност од 1еуро/м2, како и средства во вид на грант во износ од 600.000 денари. Со цел за полесно усогласување на работата и семејниот живот на вработените родители, ќе се воведе можност работодавачите да обезбедат услуги за згрижување на децата на вработените во рамките на своето работно место, за големи фирми со над 500 вработени. За оваа цел неопходен е квалификуван, посветен и мотивиран кадар. Ќе се продолжи со трендот на континуирано и постепено усогласување и зголемување на платите на над 3.500 вработени во детските градинки, како и вработување на дефектолози во предучилишните установи.
Затоа почитувани граѓани, да им дадеме можност на оние кои се докажани, на оние кои нудат и реализираат Реални проекти, а не на неискрени и непрофесионални политичари. Затоа на 11 декемви да излеземе сите масовно и да го дадеме својот глас за ВМРО и каолицијата, за Никола Груевки, за бројот 1 Бидејќи оваа Влада Ветува и остварува. Бидејќи ние и вие знаеме што е подобро за сите и за МАКЕДОНИЈА. БЛАГОДАРАМНамалувањето на невработеноста беше, е и ќе биде една од приоритетните цели на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Во изминатиот период отворањето на&nb