Сите добро паметиме, особено прилепчани, што значеше јавната безбедност во времето на СДСМ. Прилеп беше како од Вестерн филмовите кога имаше пресметка на криминални групи, бомби и убиства, уцени и рекет. Денешниот СДСМ е истиот тој од минатото. Мислите ли дека граѓаните заборавија дека Зоран Заев и техничкиот министер Спасовски се фотографираат со тешки криминалци обвинети за убиства, разбојништва и други кривични дела? Мислите ли дека прилепчани забораваат? Не г-дине Миле Талески, прилепчани сеуште чекаат одговор на прашањето поставено лично до Вас: Дали за последните локални избори Ви беше поднесено прекршочно барање од страна на полицијата, за нарушување изборен процес преку уништување на имот на граѓаните со лепење плакати и слични недозволени активности за време на избори? Вас ли ве најдоа да држите прес-конференции за работата на МВР?
СДСМ е до гуша во афери. Оливер Спасовски ја излага македонската јавност. Само неколку денови пред неговото назначување тврдеше дека на чело на МВР треба да застане професионалец, експерт и познавач на состојбите околу јавната безбедност. Со ова докажавте дека воопшто не сте загрижени за стручноста, компететноста и одговорноста туку дека најважно од се ви е насилно освојување на власта. Најдобриот кадар на СДСМ, нивниот генерален секретар, е најлошиот министер досега. Престанете да ја прикривате аферата „Фабрика за афери“. СДСМ и нивниот технички назначен министер треба да одговараат за оваа афера. Уште еднаш го повикуваме Спасовски веднаш да даде одговор за аферата фалсификувани лични карти.
Почитувани сограѓани,
Мирниот живот, големиот број културно-забавни манифестации со илјадници гости, кои поминуваат без ниту еден инцидент доволно говорат за тоа каква е безбедностната состојба во нашиот град. Сите заедно докажавме дека аферите и црните сценарија на СДСМ повеќе не поминуваат. Народот тоа повторно ќе го потврди во април следната година кога конечно ќе ја испрати СДСМ во историјата.Мислите ли дека граѓаните заборавија дека Зоран Заев и техничкиот министер Спасовски се фотографираат со тешки криминалци обвинети за уби