ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира 3 пати повеќе средства во образованието, отколку СДСМ

За разлика од СДСМ кој како најголема инвестиција во образованието во Македонија и Прилеп го смета воведувањето на двојазичноста, па дури и во музичкото училиште во Прилеп, ние имаме тотално спротивен концепт, се вели во реакцијатана ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален пренос од реакцијата: Треба да потсетиме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира 3 пати повеќе средства во образованието, отколку СДСМ.
За инвестиции во нови училишта, изградба на спортски сали, мултифункционални игралишта и тениски терени, ни ни може да се споредуваме.
Таму тие имаат една голема нула. Сведоци за тоа се: наставниците, професорите, децата и родителите во цела Македонија.
Најбитно за децата и родителите е тоа што:
1. Продолжува проекто: БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ- тоа што СДСМ не го ни помислуваше;
2. Бесплатен превоз- тоа за нив беше мислена именка;
3. Продолжуваат со работа спортските академии – вклучително и таа во Прилеп;
4. Партиципацијата за студентите останува 200 евра, а не 1200 како во времето на СДСМ;
5. Бесплатен железнички превоз и посета на културни установи е проект со кој се гордееме – СДСМ ова не го ни помислуваше
Еве што ќе добие прилепското образование од програмата “Реално” покрај досегашните 15 милиони евра инвестирани во нашиот Прилеп.
1. Реновирање на Економскиот факултет во Прилеп;
2. Нов ентериер на студентскиот дом во Прилеп;
3. Изградба на спортски сали во OOУ “Кире Гаврилоски-Јане”, “Блаже Конески” и “Кочо Рацин”, покрај постоечките веќе изградени, вкупно 7.
4. Замена на прозорци во средно општинско училиште “Орде Чопела” и “Мирче Ацев”;
5. Санација на санитарни јазли во “Кузман Јосифоски-Питу” и “Гоце Делчев”
6. Зголемување на платите за стручниот и помошниот кадар за 10%;
www.vmro-dpmne-prilep.org.mk
ВМРО-ДПМНЕ Општински Комитет Прилеп
www.vmro-dpmne-prilep.org.mk
7. Продолжување на сите видови досегашни стипендии, зголемени и со поширок опсег;
8. Ќе се воведе знаковниот јазик како наставен предмет во медицинските училишта.
Имаме вкупно 82 општокорисни проекти во образованието, кои ќе го подобрат неговиот квалитет!!!
Со нас сте на сигурно, експерименти во овој момент на Македонија не и требаат.
Ни треба поддршка за бр. 1, за реформите и проектите да продолжат!!!
Одделете 5 минути и размислете: 
Како беше со нив во образованието и како е сега. Има разлика!
Треба да потсетиме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира 3 пати повеќе средства во образованието, отколку СДСМ.
За инвестиции во нови училиш

Пронајдете не на следниве мрежи: