СДСМ продолжува со тактиката на пласирање на старите излитени лаги на кои никој не им верува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Штип.Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип
За СДСМ е неприфатливо некој да гради и да вложува во здравството бидејќи според СДСМ во здравството треба само да се вложува во купување ѓердани за колешките како што правеше Владо Димов.
Затоа на СДСМ им е чудно што во Штип се гради нова болница, исто како што се изгради нова детска болница во Козле, ПЕТ центарот, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и уште многу други изградени и реконструирани објекти во овој ресор. За СДСМ е мисловна именка да се набавува нова опрема во болниците која најдиректно влијае на подобрите дијагнози и лекување, односно здравјето на граѓаните. Затоа СДСМ има против набавената нова опрема во здравството во вредност од над 100 милиони евра.
СДСМ со својата некрофилска политика постојано докажува дека не се грижи воопшто за човечките животи и судбини. За СДСМ животот на луѓето е само бројка која им е од интерес само ако можат да ја злоупотребуваат во политички цели.
Лагите за доенечката смртност кои ги пласираат во секоја прилика се само дел од нивните напади на некрофилизам со кои очајно се обидуваат да бидат актуелни, иако нивните тврдења се побиени од официјална институција – Државниот завод за статистика.
Според податоците објавени од ДЗС, минатата година бројот на починати доенчиња е значително помал во споредба со претходно, односно од 233 починати доенчиња во 2014 година бројот е намален на 198 починати доенчиња во 2015 година.
Не треба да си стручно лице за да знаеш да ги протолкуваш овие податоци и да сфатиш дека доенечката смртност во Македонија се намалува, но треба да не си од СДСМ за да го поздравиш намалувањето на доенечка смртност наместо да ги пумпаш бројките за бројот на починати доенчиња со измислени статистики.
Стапката на доенечка смртност во Македонија во 2015 година изнесува 8.5 на 1000 живородени, што е значително помалку од 9.9 на 1000 живородени во 2014 година, а далеку помалку од времето на СДСМ кога изнесуваше 13,2. Истите проблеми СДСМ ги има и кога се специјализациите во прашање – математиката е јасна, но не е употреблива за Фабриките за афери на Чауш и Заев. Затоа СДСМ си измислува своја математика. За разлика од нивното време кога годишно се доделуваа по 30-тина специјализации годишно, денеска бројот на специјализации е десеткратно зголемен и се доделуваат над 300 специјализации годишно.
СДСМ зборува за одлив на кадар, а не го ни споменува процесот кој го имаме за првпат во државата, а тоа е преминување на доктори специјалисти од приватно во јавно здравство. Над 200 искусни доктори специјалисти веќе преминаа во јавното здравство. Над 160 доктори веќе имаат бенефит од мерката на Министерството за здравство за кофинансирани специјализации.
Кога СДСМ зборува за штипската болница, најтешко и е на логиката. Не само што не заковаа една шајка во неа, не само што не променија еден прозорец, туку уште и не ја поздравуваат нејзината изградба. Во Штип владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува 56 милиони евра за изградба на комплетна нова болница, според врвните светски стандарди, која ќе биде една од најсовремените во регионот. Претходно се инвестирани над 4 милиони евра во набавка на најсовремена медицинска опрема само за оваа болница, а паралелно се инвестира и во кадарот и се реализирани 140 нови вработувања, над 120 здравствени работници беа испратени на едукација во странство, вкупно 30 доктори се упатени на специјализација, од кои 4 на специјализација во странство.
Сите овие факти се тешки за поимање за СДСМ бидејќи сакаат државата да ја гледаат онака како што ја оставија – во пустош. За нивна несреќа, граѓаните на Република Македонија имаат други идеји и желби. Затоа повеќе од 10 години граѓаните не му дозволуваат на СДСМ да се доближи до власта. Така ќе биде и на наредните избори, кога и да собере храброст СДСМ да се појави на нив.Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип
За СДСМ е неприфатливо некој да гради и да вложува во здравството бидејќи според СДСМ во