Генералниот секретар на СДСМ, технички назначен за министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес се посрамоти и бегаше од одговори во стилот на неговиот лидер.Господине Оливер Спасовски, јавноста не слушна дали сте вие на сликите со криминалците кои стоеја зад „Фабриката за афери“ на СДСМ?
Господине Спасовски, за што разговаравте со Захир Бекири Чауш и Аднан Сума, прво и третоосомничени во „Фабриката за афери“ на СДСМ?
Господине Спасовски, дало како генерален секретар, Вие договоривте сопругата на Чауш да биде вработена во партиската фирма Паркинзи на општина Центар од страна на претседателот на Општинската организација на СДСМ, Саша Богдановиќ.
Господине Спасовски, зошто баравте истрагата да не се одвивала брзо и дали вечерта при приведувањето контактиравте со осомничените?
Господине Спасовски, зошто баравте увид во доказниот материјал?
Денешната нервозна и конфузна прес конференција на Оливер Спасовски беше алиби изјава во стилот злосторникот на местото на злосторот.
Јавноста го виде лицето, стилот и карактерот на СДСМ во оваа афера во која се живи фатени во криминални дејанија и директни конекции со криминалното подземје.
Коалицијата на Чаушот и Заев која јавноста ја виде потврдува дека СДСМ соработува со криминална групација, што ги прави еднаква на нив.
Целата агенда на СДСМ е еден голем ФАЛСИФИКАТ. Тие не нудат проекти, програми и мерки, туку нудат фалсификати. Тие покажаа дека се спремни со црниот ѓавол да се здружат само да дојдат на власт без избори, подготвени се да наштетат на сите граѓани само за да ги остварат тесно партиските интереси.
Постојат сериозни индиции СДСМ учествувале во фабрикување на афери исто како што постојат сериозни информации основи за сомнение дека нелегално прибавени телефонски разговори од граѓаните ги дале на криминалци со тапија.
Ако навистина Оливер Спасовски сака да биде искрен со јавноста мора да почне да дава одгвоори, меѓудругите и тоа дали разговарале со Зоран Заев во моментите кога се апселе криминалците и што било темата на разговор?
Јавноста бара одговори. Јавноста бара одговорност. Тоа е она кое што Оливер Спасовски најмалку може да го направи.Господине Оливер Спасовски, јавноста не слушна дали сте вие на сликите со криминалците кои стоеја зад „Фабриката за афери“ на СДСМ?