Реакција на прес-конференција на СДСМ ОО ПрилепПочитувани претставници на СДСМ,
Се разбира, штом немате ваша програма ќе ја покажувате програмата на ВМРО- ДПМНЕ и затоа, ви се заблагодаруваме што ги промовирате проектите на ВМРО-ДПМНЕ и воедно ги потсетувате граѓаните дека СДСМ нема програма, ниту проекти.
Ве повикуваме што почесто да држите пресконференции преку кои граѓаните ќе слушнат што навистина планирате да реализирате. Така, од денешната пресконференција претставивте проект на СДСМ во образованието – затворање на паралелките во населените места каде има помал број на ученици и оставање на децата од населените места на улица. Ние за разлика од вас, на граѓаните им нудиме нешто поразлично, притоа правиме максимални напори секое дете да биде школувано и тоа што поблиску до своето место на живеење, со организиран бесплатен превоз доколку е потребно, со бесплатни учебници и компјутер пред себе. Како за потсетување во населеното место Витолиште овозможивме образование и за едно детенце-прваче, се со цел да не патува по десетици километри или да се откаже од образование. Голема е разликата помеѓу нас!
Зборувате за образование во време кога Општина Прилеп континуирано инвестира во подобрување на условите за развој на образованието. Сведок за ова се подобрените услови за работа во училиштата и многубројните спортски сали во кои спортуваат и вашите деца. Ако сакате да зборувате за образование, кажете прво што им понудивте на граѓаните и кој проект го реализиравте во вашето владеење, а имавте и заменик министер за образование токму од Прилеп.
Сепак, кога сме кај Урбаната заедница „Сточен пазар“ граѓаните многу добро знаат дека ова беше заборавена и запустена населба. Без канализација и водовод, без асфалт и улично осветлување, без градски превоз за овие жители. Сето ова денес е реализирано и со и без медиуми и вие и граѓаните можат да го видат. Дополнително, во таа урбана заедница е и изградбата на пречистителната станица која ќе се наоѓа на потегот Кадино село, Жабино маало, Мало Коњари и Сточен Пазар, што ќе овозможи целата отпадна вода да се слева во колекторски систем, а потоа да се прочистува. Во населбата Сточен Пазар започнува продажбата на парцели во индустриската зона „Прилеп 2″, а тоа значи ставање во функција новата индустриска зона за капацитети на малото стопанство и можност за отворање на нови работни места.
Почитувани социјалдемократи,
Продолжувате да ги потценувате граѓаните. Мислите дека сеуште живеете во време кога преку медиумите ги лажевте, а ништо не работевте. Денес на граѓаните не им требаат медиумите за да им кажат каде беше Прилеп пред 10 години и каде е денес. Граѓаните се слободни и слободно можат да ги видат сите проекти и инвестиции во нашиот град. Граѓаните знаат дека со ВМРО-ДПМНЕ се на сигурно, знаат дека тоа што е ветено и се реализира, затоа што се сведоци на тоа. А вие токму од граѓаните се плашите.Почитувани претставници на СДСМ,
Се разбира, штом немате ваша програма ќе ја покажувате програмата на ВМРО- ДПМНЕ и затоа, ви се забла