ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски се обиде да дојде на власт, но граѓаните му кажаа дека оној кој ги нарекува „стока“ никогаш нема да ја добие нивната доверба

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ: – реакција на изјавата на Стево Пендаровски 
Пендаровски се обиде да дојде на власт, но граѓаните му кажаа дека оној кој ги нарекува „стока“ никогаш нема да ја добие нивната доверба.
Одговорна власт е онаа која за 10 години отвора 150.000 нови работни места како владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да брка 200.000 работници на улица како што направи СДСМ.
Одговорна власт е онаа која во државата носи повеќе од 50 директни странски инвестиции како Владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да има нула реализации како што имаше СДСМ.
Одговорна власт е таа која вложува милијарди во инфраструктура, медицинска опрема, субвенции, гради школи, болници, студентски домови, игралишта и спортски сали како Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Одговорна власт не е онаа која во цело свое владеење успеала да изгради само 3 столбови од пругата кон Бугарија, како што направи СДСМ.
Одговорна власт е таа која подига плати, пензии и помош како Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а не власт која немаше воведено ниту минимална плата, кратеше пензии и ги исплаќаше на рати, а зборот покачување не постоеше во нејзиниот речник, како што тоа го правеше СДСМ.
Пендаровски, Заев и другите криминалци и лицемери од злосторничката банда СДСМ може да продолжат во очи да ги лажат граѓаните, ветувајќи им сенешто, а позади нивниот грб да најавуваат дека ќе јадат живи луѓе и народот да го нарекуваат стока.
Граѓаните одамна ги прочитале лажговците и криминалците како Пендаровски, Заев и останатите членови на раководството на СДСМ. Затоа на 5-ти јуни СДСМ десетти пат по ред ќе се увери дека за него место во власта на Република Македонија нема. Граѓаните тоа нема да го дозволат.
  
Пендаровски се обиде да дојде на власт, но граѓаните му кажаа дека оној кој ги нарекува „стока“ никогаш нема да ја

Пронајдете не на следниве мрежи: