Зоран Заев знае дека деструктивната политика што ја спроведува изминативе година дена е прочитана од граѓаните. Зоран Заев знае дека на граѓаните им е дојдена преку глава кризата што им ја наметна и тие сакаат избори во април и силна посветеност на реформите и проектите со што државата ќе тргне напред. Зоран Заев знае дека нема поддршка и дека неговата политика ќе биде жестоко поразена по десетти пат. Затоа Зоран Заев се плаши од изборите и измислува милион причини како да избега од соочување со народот.Последната сламка во која Зоран Заев гледа спас од излегување на избори е апсурдното барање за нов Законот за медиуми.
Зоран Заев и СДСМ сакаат пресметка со нивните најголеми политички противници, медиумите кои не работат под диктат на Бихаќка. Зоран Заев и СДСМ сакаат Фокус-и кои секојдневно ќе информираат само за проектите на Чауш, произлезени од Фабриката за афери, бидејќи СДСМ нема свои. Тие се за затварање на сите медиуми кои критички ги опсервираат аферите произлезени од Чаушгејт и кои сметаат дека граѓаните не заслужуваат некој да ги лаже и манипулира. Затоа СДСМ сака класична цензура и укинување на слободата на говорот по урнек на Северна Кореја. Затоа СДСМ одбива каков било закон кој е на сила во некоја од земјите членки на ЕУ.
Работењето на медиумите во периодот пред претстојните избори е регулирано со Законот за избори. Законот за избори беше поддржан и од СДСМ и обезбедува подеднаква застапеност на сите политички субјекти кои ќе учествуваат на изборите.
Резервната варијанта во која Зоран Заев бара спас од излегувањето на избори е целосно во рацете на СДСМ. Прочистувањето на избирачкиот список е во ингеренција на ДИК каде што СДСМ има контрола. Втората најодговорна институција околу изборите, Министерството за внатрешни работи исто така е раководена од генералниот секретар на СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ апелира Зоран Заев и СДСМ да не прават опструкции при прочистувањето на избирачкиот список како најодговорни за процесот. ВМРО ДПМНЕ ги поддржува напорите на сите други државни институции целосно да ги стават своите капацитети на располагање на ДИК. Формално-правно, државната комисија требаше да биде известена за предвремените избори на денот на распуштање на Собранието на РМ, 24 февруари. ДИК за предвремените парламентарни избори е информирана уште од потпишувањето на договорот од Пржино и донесувањето на Законот за избори каде 24 април е точно наведен како датум за одржување на изборите. Изборниот закон и договорот од Пржино беа потпишани и поддржани и од СДСМ
Објективни причини за бегство од соочување со граѓаните не постојат. Постои само стравот на Заев од казната која следи за неговата деструктивна политика. Стравот на Заев е негов личен проблем и државата и граѓаните не смее да бидат заложници на ничии стравови.
ВМРО ДПМНЕ го охрабрува СДСМ да се соочи со реалноста, да престане да бега, да го испочитува договореното и да излезе на изборите на 24 април.Последната сламка во која Зоран Заев гледа спас од излегување на избори е апсурдното барање за нов Законот за медиуми.
Зоран Заев и СДСМ са