ВМРО ДПМНЕ прашува како СДСМ планира да ја внесе Република Македонија во НАТО?

Нема граѓанин во Република Македонија кој досега не се увери дека единствен проблем поради кој Република Македонија не е полноправен член на НАТО е проблемот кој Република Грција го има со нашето уставно име.Република Македонија ги исполнува сите услови за влез во северно-атлантската алијанса уште од самитот во Букурешт. Тоа го знаат и сите наши меѓународни партнери и пријатели кои не поддржуваат во нашите напори. Тоа го потврди и Меѓународниот суд во Хаг со донесената пресуда за неоснованоста на грчкото вето. Овие факти не ги прифаќа само соседна Грција и раководството на СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ прашува како СДСМ планира да ја внесе Република Македонија во НАТО?
Со денешното соопштение СДСМ сака да најави некакво ново решение.  Проблемот е премногу сериозен и граѓаните на Република Македонија мора да знаат која е понудата на СДСМ. Радмила Шекеринска веќе еднаш ја промовираше оваа идеја. Најави дека за шест месеци ќе ја внесе Република Македонија во НАТО и ЕУ. Радмила Шекеринска им остана должна на граѓаните да одговори како ќе го стори тоа?
Која е причината СДСМ повторно да игра на истата карта и да го актуелизира истото прашање? Дали има нешто што јавноста не го знае, а раководството на СДСМ го договрило и го крие?
Зошто СДСМ повторно се обидува да ја амнестира Грција за блокадата и целата вина ја префрла на ВМРО ДПМНЕ?Република Македонија ги исполнува сите услови за влез во северно-атлантската алијанса уште од самитот во Букурешт. Тоа го знаат и сите наши меѓунар

Пронајдете не на следниве мрежи: