СДСМ упорно продолжува со својата единствена предизборна активност: сеење магла и дигање прашина од под тепихот на Чаушот. СДСМ ниту на 66 дена до избори не се занимава со идеи и проекти, туку со лаги и манипулации.Во нивните апсурдни соопштенија ВМРО-ДПМНЕ е виновник за загадувањето на воздухот бидејќи го мери загадувањето кое СДСМ не го мереше и го криеше од граѓаните.
Ако и ВМРО-ДПМНЕ исто како СДСМ не го мереше загадувањето на воздухот, СДСМ денес ќе немаше за што да пишува соопштенија бидејќи по нивната логика, ако не го мериш загадувањето – тоа не постои.
Така работеше СДСМ. Наместо да одговори во своите соопштенија зошто не се грижеше воопшто за здравјето на граѓаните, СДСМ сака со провидни ефтини манипулации да се амнестира од несериозниот игнорантски однос за оваа проблематика. Но, граѓаните ниту заборавиле ниту ќе му простат на СДСМ што го криеше од нив загадувањето на воздухот.
За разлика од манипулаторите од СДСМ кои со прст не мрднаа за да се справуваат со оваа проблематика, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано и посветено работи на оваа проблематика. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано истражува, анализира и презема конкретни мерки.
Меѓу последните конкретни мерки, Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и Австрија постави филтри на повеќе локации во Тетово и Скопје кои ќе стојат до крајот на февруари, по што ќе бидат испратени на хемиска анализа во овие земји.
Врз база на хемиски анализи во врвни лаборатории ќе се добијат најновите податоци за тоа кои се индикаторите на загадувањето на воздухот, со што ќе нема шпекулации околу загадувачите.
Претходно, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им препорача на сите правни субјекти во Градот Скопје и Општината Тетово да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4 јануари.Во нивните апсурдни соопштенија ВМРО-ДПМНЕ е виновник за загадувањето на воздухот бидејќи го мери загадувањето кое СДСМ не го мереше и го