ВМРО-ДПМНЕ преку своите дејствија сака секој граѓанин да биде горд пред македонското знаме

За нас како партија, и ние тоа сме го докажале и во пракса, важни се сите граѓани на Македонија. За нас зборот нација, терминот нација соодветствува на државата и тука се вклучени сите граѓани кои живеат во Македонија.Ова го истакна Нермин Теловска на денешната панел-дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ под наслов „Единствени во почитувањето на мултикултурализмот и заедништвото“.
Таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ сака преку своите дејствија секој граѓанин на Македонија без разлика на националната припадност да се чувствува гордо пред македонското знаме, да ја чувствува Македонија за своја татковина.
-Ние тоа го покажавме преку капиталните проекти кои ги користат сите жители на Македонија, истакна Теловска.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија може да се пофали оти интензивно работи на меѓуетничките односи и развој на кохезијата во општеството.
-Таа кохезивност се огледа на слободата на секој поединец и на еднаквите можности без разлика на која социјална група припаѓа. Ако зборуваме и за доктрината на ВМРО-ДПМНЕ можеме да ја претставиме и како стремеж на добри услови, добар животен стандард за секого во општеството. За нас како партија, можеме да се пофалиме и за членство во кое имаме припадници од сите различни етнички заедници кои што живеат во Република Македонија, потенцира Теловска.
 
Ова го истакна Нермин Теловска на денешната панел-дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ под наслов „Единствени во почитувањето на мултикулт

Пронајдете не на следниве мрежи: