ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваат срамните пресметки на СДСМ со Уставниот суд

Во очај и паника пред сигурниот пораз на изборите, продолжуваат срамните пресметки на СДСМ со Уставниот суд, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.- Продолжува срамното сценарио на СДСМ за создавање алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите. За таа цел СДСМ преку своите експоненти во невладиниот сектор им се заканува на Уставните судии дека за уши ќе ги влече и на клоци ќе ги изнесе надвор од судот. Невидено и срамно. СДСМ сака да се врати времето кога за 15 минути избираше 617 судии и стотина обвинители. СДСМ сака тотална контрола над судството. СДСМ треба да ја запраша за објективност и непристрасност Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер несудениот министер за Надворешни работи од СДСМ. СДСМ треба да го запраша за поврзаност на партијата со судскиот систем Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев, реагираат од владејачката партија.
– Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, СДСМ сонува за ваква партиска испреплетеност во судскиот систем. СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш СДСМ сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои ги предложи ВМРО- ДПМНЕ. Во 2009 година организацијата без сопствен став „СДСМ 2009 “ беше категорично ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес организацијата без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување. Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е партија која својот став го менува во зависнот од дневно партиските потреби. СДСМ наместо најгрубо да врши притисок врз Уставниот суд, треба да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност.
Но СДСМ не го прави тоа туку го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот. За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се излезе пред народот и да се побара мандат без манипулации и деструктивни сценарија. Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите се срамат сите граѓани на Македонија. Од деструкцијата на СДСМ последици трпат сите граѓани на Република Македонија. Затоа казната за СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат десетти пат по пред. Пресудата ќе биде правосилна и извршна.- Продолжува срамното сценарио на СДСМ за создавање алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите. За таа цел СДС

Пронајдете не на следниве мрежи: