Отварањето на нови работни места продолжува и понатаму преку проектот МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА.Во Битола преку овој проект се вработиле над 500 граѓани, околу 300 граѓани во 2015 година и 219 граѓани во 2016 година.
Вкупно во Република Македонија овој проект овозможи 19 илјади вработувања. Поддршката во делот на вработувањата продолжува и со финансиска помош за мобилност на работна сила за која огласот е веќе во тек. Во тек е и повикот за субвенционирање на вработување на 100 лица во социјален ризик. Објавен е и повикот за мерката практиканство за млади до 29 години со која младите ќе може да ги надградат своите капацитети за полесно вработување. 225 невработени лица ја почнаа обуката за дефицитарни занимња.
Ова се само дел од проектите за подобар живот на граѓаните.
И додека ние неуморно и посветено работиме на конркретни решенија на барањата на граѓаните, деструктивните сценарија на опозицијата продолжуваат.
Немири, фамозни пресови, уништувања на јавни добра.
Знаевме дека немаат почит кон ништо, но дека немаат почит и кон ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕ.
За жал и тоа го дознавме, СДСМ и денес не оддаде почит на загинатите бранители кај Гајре.
Доброто на граѓаните на Република Македонија е секогаш приоритет за ВМРО-ДПМНЕ затоа мерките и проектите на оваа Влада за подобар живот на сите граѓани, продолжуваат и во наредниот период со полн интензитет.
Изјави: Маркоска Валентина – портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ БитолаВо Битола преку овој проект се вработиле над 500 граѓани, околу 300 граѓани во 2015 година и 219 граѓани во 2016 година.