Технички назначената министерка Фросина Ременски бесрамно ги лаже додека ги гледа во очи најранливите категории на граѓани.
Технички назначената министерка Фросина Ременски продолжува со злоупотребата на службената должност и државните ресурси.
Ременски воопшто не работи, нема понудено ниту еден проект и не се грижи воопшто за интересот и потребите на граѓаните.
Ременски секој момент на позицијата технички назначен министер за труд и социјала го користи да ги закочи постојните проекти, да го партизира министерството и да го поминува сето работно време во партиска пропаганда.
Денес Фросина Ременски наместо технички назначена министерка за труд и социјала ја имаше улогата на портпарол на фабриката за афери на СДСМ.
Ременски излажа дека во Министерството за труд и социјала се правеле злоупотреби. Злоупотреби има откако таа стана технички назначен министер барем на хартија, бидејќи не се однесува како министер, туку како биро за вработување на СДСМ.
Социјална помош во Македонија добива секој кој исполнува услови според закон.
Во СДСМ кога ветуваат грижа за ранливите категории и зголемување на социјалната помош не си веруваат ни самите себеси.
СДСМ во беда фрли 200.000 луѓе бркајќи ги на улица. Во 2006 година социјалната парична помош во просек изнесуваше 2.900 денари.
Од 2006 до ден денес таа се зголеми за 61,8% и изнесува 4.692 денари. Ќе има зголемување и оваа година на социјалната помош за 5%. Зголемувањето ќе биде со јулската исплата.
Бројот на корисници на социјална помош е преполовен во споредба со 2006 година благодарение на мерките за вработување кои успешно се реализираат.
Со проектот отпис на долгови на граѓани од ранливи категории предвидовме отпишување на долгови на три најранливи категории граѓани, односно корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години. Отпишани се долгови на приближно 15.000 граѓани.
Проектот Заштита од енергетска сиромаштија вклучува субвенционирање на потрошувачката енергија- секое семејство на корисниците на социјалната помош секој месец добива неповратни финансиски средства за покривање на дел од трошоците за потрошена енергија. Овие средства се зголемуваат од година во година и од 600 денари месечно во 2010, до 2017 ќе достигнат износ од 1000 денари месечно.
Фабрикувањето афери како покритие за сопствената безидејност и неспособност е единствена програма на СДСМ. Затоа рејтингот им е мизерни 15,7% и продолжува во слободен пад, во споредба со рејтингот од 36,8% на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за своите граѓани, внимава што им ветува и истото го реализира, без пардон, без исклучок.
Фросина Ременски најгрубо го крши законот и за тоа ќе одговара на суд. И пред законите и пред судот на народот.
Технички назначената министерка Фросина Ременски продолжува со злоупотребата на службената должност и државните ресурси.