Соопштение до јавноста – реакција oд ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Јагода Шахпаска.
Јагода Шахпаска повторно демонстрираше дека кога настапува во партискиот дрес на СДСМ, апсолутно ништо не и е јасно.
Шахпаска повторно се обиде да се служи со бедни лаги и невистини, надевајќи се дека ќе и поминат. Нема да и поминат.
Јагода Шахпаска и цела здравствена комисија на СДСМ не знаат да направат разлика помеѓу контактни леќи за корекција на вид и интраокуларни леќи наменети за вградување при операција на катаракта (фако метода).
Трагедија.
За потсетување, проектот е наменет за средношколците и студентите на возраст од 14 до 26 години, кои ќе можат да одат во било која оптика со која Фондот има склучено договор и доколку ги исполнуваат условите, со претходно одобрение од Фондот за здравство, да ги подигнат овие ортопедски очни помагала на товар на Фондот.
По однос на извршените интервенции за фако методи, согласно дадените услуги во последните две години ФЗО исплатил вкупно за фако методи и класичната метода речиси 14.000 интервенции.
За споредба, во време на СДСМ на Шахпаска во 2005 година се вршеа 300 интервенции со класична метода со кристални леќи – се разбира доколку пациентите успееа да фатат врски.
Покрај демонстрирањето врвно непознавање, Шахпаска повторно имаше задача и да биде портпарол на лешинарските кругови во СДСМ.
Тоа се оние кругови во СДСМ кои лажат и си измислуваат напумпана бројка за починати доенчиња во Македонија, за да може да ликуваат во црната камапања насочена против министерот Тодоров.
Тоа се истите здравствени душебрижници од СДСМ кои не го осудија нападот со огнено оружје врз лекарите и напаѓачите – убијци во обид, СДСМ ги нарече „незадоволни пациенти кои си ја земале правдата во свои раце“.
Шахпаска и СДСМ наместо бедно да лажат можат да проверат дека од 01.03.2015 до денешен ден, во Фондот се поднесени и одобрени 9 барања за лекувања во странство за сколиоза. Станува збор за случаи за кои комисиски е одлучено дека не може да бидат третирани во Македонија.
Шахпаска лаже и дека спиналниот центар не работи. Спиналниот центар не само што работи, туку откако е отворен во него се извршени повеќе од 120 интервенции. Уште една бедна лага на Шахпаска и СДСМ.
Пред неколку недели истата Шахпаска застаната пред новата гинекологија одржа прес конференција на која се обиде да ги убеди граѓаните дека ВМРО- ДПМНЕ нема изградено нова гинекологија, односно дека не инвестира воопшто во здравството.
Кога не е во партискиот дрес на СДСМ, Шахпаска како лекар е многу задоволна од инвестициите во здравството:
„Овој апарат не става во предност во однос на соседните здравствени домови од соседните општини затоа што таков апарат не постои во тие установи.
Со ова е многу олеснета работата на нас како доктори, а од друга страна е овозможен полесен пристап и побрз на пациентите кои што имаат насушна потреба за ваква дијагностика.“
Ова се зборовите на Јагода Шахпаска кога во присуство на министерот Никола Тодоров во здравствениот дом во Пехчево беше промовиран ехо- кардиографот.
Денес од позиција на портпарол на лешинарите од СДСМ, Шахпаска лаже со секое отворање на устата.
Никаде на планетата нема болница во која може да се лечи патолошкото лажење на СДСМ. Но, затоа постојат изборите.
Против ширење на оваа болест лекот се само граѓаните на Република Македонија кои на избори се штитат себеси и државата да не заболат повторно од едно вакво канцерогено заболување.
СДСМ беше канцерот во македонското здравство кој освен што парите на граѓаните ги трошеше за бисери за колешките на Владо Димов, не вложи ниту денар за поквалитетно здравство.
СДСМ беше канцерот во македонското здравство во кое стентови се продаваа под маса, 8 месеци се чекаше за ангиографија и неретко срцевите болни не успеваа ни да ја дочекаат, на клинички работеше еден компјутерски томограф, а за зрачна терапија граѓаните мораа да одат до Грција бидејќи тука акцелераторите не работеа.
Сето ова се случуваше затоа што наместо да водат сметка за здравјето на граѓаните, министрите за здравство на СДСМ купуваа ѓердани.
Затоа граѓаните се грижат веќе 10 години по ред СДСМ да не ја допре власта во Македонија. Овој третман врз СДСМ ќе продолжи и по 5-ти јуни.
Јагода Шахпаска повторно демонстрираше дека кога настапува во партискиот дрес на СДСМ, апсолутно ништо не и е јасно.