ВМРО- ДПМНЕ: СДС со години лажно глумеа дека државата е презадолжена, сега тргнаа во нови задолжувања

СДС со години лажно глумеа дека државата е задолжена. Сега откако се на власт, тргнаа во нови задолжувања, многу поголеми од претходно предвидените, истакна на прес-конференција пред партиското седуште Соња Ѓелова Стојанова.Имено, со ребалансот на буџетот, СДС, Заев и Тевдовски, сакаат за само 5 месеци да ја задолжат државата над 150 милиони евра. Да потсетиме дека во првите месец дена само што дојдоа на власт, ја задолжија државата 60 милиони евра.
СДС со ова темпо до крајот на годината Заев и Тевдовски секој ден ќе ги задолжуваат граѓаните по над 1,2 милиони евра повеќе од планираното дневно. Замислете секој ден граѓаните кога ќе се разбудат државата ќе биде задолжена за нови 1,2 милиони евра повеќе од планираното.
Во ставката домашно задолжување владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари. Со ова планираат да не задолжат 48,3 милиони евра повеќе кон домашните доверители.
Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо планираните 12,3 милијарди денари да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова планираат да не задолжат дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители.
Она што е индикативно и сомнително е дека за само половина година се задолжуваат 150 милиони повеќе, а сепак СДС блокираат, укинуваат и стопираат проекти кои се од сериозен интерес за граѓаните, кратејќи ги средствата за нивната реализација. Сите сектори од државата трпат со ребалансот на буџетот.
До сега од СДС не видовме ниту еден капитален проект, план или конкретна мерка, освен набавка на морска храна, октоподи, цвеќиња и партиски вдомувања на кадри од нивните редови.
Граѓаните имаат право да знаат зошто СДС се задолжува повеќе од планираното, односно секој ден до крајот на годината ќе ги задолжуваат по над 1,2 милиони евра повеќе од планираното, а од друга страна сите капитални проекти ги стопираат и им го кратат буџетот за реализација.Имено, со ребалансот на буџетот, СДС, Заев и Тевдовски, сакаат за само 5 месеци да ја задолжат државата над 150 милиони евра. Да потсетиме дека во

Пронајдете не на следниве мрежи: