Реакција пратена од ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на изјавата на Петар Атанасов од СДСМ.СДСМ продолжува со караванот на лаги и манипулации. Ги посетува сите места кои заборави дека постојат кога имаше власт и безочно ги лаже граѓаните.
Лага до лага е единствената политичка платформа на СДСМ. Синоќа СДСМ имаше час по лажење во Македонски Брод.
СДСМ, партијата која избрка 200.000 луѓе на улица и која лажеше дека ќе вработи по минимум еден член од секое семејство, зборува за сиромаштија и невработеност.
Врв на лицемерието. СДСМ, партијата која една шахта не промени на улиците низ цела Македонија зборува за вложувања во инфраструктурата. Апсурдно и смешно. Единствените промени кои ќе ги види СДСМ по изборите се во нивната партија кога истрошените лажговци и криминалци од врвот на СДСМ ќе ја добијат шут-картата за надвор од политиката.
Претседателот на комисијата за образование на СДСМ Петар Атанасов може да вети и дека сите ученици ќе имаат петки кога ќе дојде СДСМ на власт, може да лаже колку што сака – лажењето и манипулациите се потписот на СДСМ, но и тој многу добро знае дека неговата партија нема теорија да се доближи до власта.
Сите ученици знаат дека оваа Влада работи посветено на подобрување на квалитетот на образовниот процес и презема многу проекти и реформи во таа насока.
Сите ученици исто така добро знаат дека СДСМ злоупотребува деца во политички контекст, ги тера на протести за после да ги манипулира дека е на нивна страна обидувајќи се да им ја купи довербата со лажење и манипулирање.
СДСМ ако се грижеше навистина за учениците немаше да биде против подобрувањето на квалитетот на нивното образование.
Но, СДСМ се грижи само за своите лаги и измислици обидувајќи се вака да собере од трошките од политичките поени. Толку е капацитетот на СДСМ.
Затоа СДСМ е 10 години во опозиција и затоа нема да мрдне од таму ни после 5-ти јуни.СДСМ продолжува со караванот на лаги и манипулации. Ги посетува сите места кои заборави дека постојат кога имаше власт и безочно ги лаже граѓаните.