СДСМ е синоним за криминал. СДСМ е Фабрика за афери.Јавноста деновиве е сведок на една трагедија и во живо гледа како тоне партијата која кон дното ја влече актуелното раководство. Последните неколку денови Заев и СДСМ признаа дека се блиски соработници на криминалците со дебели досиеја кои добиле задача да ја водат работата во Фабриката за Афери на СДСМ.
Безуспешно СДСМ и коалиционите партнери се обидуваат да го оттргнат вниманието од овој огромен скандал во кој се вмешани сите. Скандал од кој не може да избегаат.
Попусти се обидите за манипулација со тврдења дека 22-те лични карти се незаконски и ја одразувале волјата на 200.000 гласачи колку што беше разликата меѓу проектите и работата на ВМРО-ДПМНЕ и манипулациите и постојаните изговори на СДСМ на минатите избори.
Оливер Спасовски и Андреј Жерновски за да стигнат до 200.000 гласа разлика треба да одржат 10.000 празни, нервозни и конфузни прес-конференции како тие од минативе два дена, на кои нема да одговори дали е вистина дека уапсените фалсификатори кога полицијата им тропнала на врата прво барале помош по телефон од Зоран Заев.
Андреј Жерновски треба првин да одговори дали ургирал за вработување на сопругата на Чаушот, еден од уапсените фалсификатори од Фабриката за Афери во партиската фирма Паркинзи на општина Центар?
Дали Андреј Жерновски и Зоран Заев ја монтираа сликата на премиерот Никола Груевски со осомничениот Аднан Сума?
Не за џабе СДСМ губи 9 изборни циклуси по ред. Доказ за тоа се и вакви неработници како Андреј Жерновски и неговите наредбодатели од СДСМ кои и денес сеејќи магла пропуштија да одговорат на неколку прашања.
Ќе ги потсетиме на истите, бидејќи одговорите и' ги должат на македонската јавност:
Дали Заев го договорил отворањето на Фабриката за Афери на СДСМ со членот на СДСМ и негов близок соработник, осудуваниот криминалец Захир Бекири Чаушот, за време на средбите во неговиот кабинет?
Дали Заев и Чаушот договарале препродажба на нелегално стекнатите материјали со кои потоа би се уценувале македонски политичари, бизнисмени и лица од јавниот Дали Заев, Чаушот и остатокот од СДСМ свесно изложија на ризик од уцени и изнуда илјадници граѓани на Република Македонија?
И денешната нервозна изјава на Андреј Жерновски беше уште еден обид за зајакнување на сопствената самодоверба на градоначалникот познат по скандали и неработење. Ова кај народот не проаѓа.
Народот го виде лицето, стилот и карактерот на СДСМ во оваа афера во која се живи фатени во криминални дејанија и директни конекции со криминалното подземје.
Коалицијата на Чаушот и Заев која Жерновски ја поддржува отворено, јавноста добро ја виде. Народот е уверен дека СДСМ соработува со криминална групација.
Целата агенда на СДСМ е еден голем ФАЛСИФИКАТ. Тие не нудат проекти, програми и мерки, туку нудат фалсификати.
Тие покажаа дека се спремни на се. Спремни се да се здружат со црниот ѓавол само за да дојдат на власт без избори. Подготвени се да наштетат на сите граѓани само за да ги остварат тесно партиските интереси.
Андреј Жерновски одлучи да биде портпарол и адвокат на неговите другарчиња кои ги продавале нелегално стекнатите материјали и соработувале со криминалци за да фабрикуваат афери.
Не чуди, кога доаѓа од градоначалникот кој сакаше да прави бензиска на пазарчето Буњаковец, праќаше багери на Водно па го бранеше Водно од истите багери и грубо манипулираше на безброј прес конференции на кои бараше калимеро изговори за сопствената неспособност.
Јавноста бара одговори. Кога не ги добива од оние од кои ги бара, јавноста сама одговара. 10-тиот одговор по ред за СДСМ и Жерновски доаѓа незапирливо на 24 април.Јавноста деновиве е сведок на една трагедија и во живо гледа како тоне партијата која кон дното ја влече актуелното раководство. Последните неколку