За СДСМ е неприфатливо во земјата да се отвораат нови работни места и фабрики, а не да се затвараат како во времето на СДСМ.СДСМ избрка на улица 200.000 работници и затвори 684 фабрики, а Македонија ја остави во пустош. Граѓаните тоа добро го паметат.
Во соседните земји лидерството на СДСМ не ги пресели своите бизниси, туку ги пресели своите летни хациенди, поради финансиските придобивки на нивните компании токму во време на ВМРО-ДПМНЕ со кои јавно се пофалија.
Со тоа СДСМ сам си ги демантира ефтините лаги со кои сака да го покрие мизерниот рејтинг и очајниот страв од избори.
СДСМ е демантиран и од реномираниот Дуинг Бизнис извештај на Светската Банка според кој Македонија е 6-та земја во Европа и 12-а во светот според условите за водење бизнис.
СДСМ е демантиран и од повеќе од 150.000 нови работни места кои се резултат на мерките и работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ е демантиран и од повеќе од 50 нови директни странски инвестиции кои се резултат на работењето на владата на ВМРО-ДПМНЕ и бизнис климата која е создадена.
Ова се фактите кои народот ги гледа и знае. Ова се фактите поради кои СДСМ има мизерен рејтинг од 15,7%, во споредба со рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ од 36,8%.
Ова се фактите поради кои СДСМ очајнички бега од избори. Но бегање од судот на народот нема. На 24 април за само 66 дена ќе дојде крајот на ваквите проѕирни манипулации на СДСМ. Ита незапирливо 10-тиот пораз по ред за СДСМ.СДСМ избрка на улица 200.000 работници и затвори 684 фабрики, а Македонија ја остави во пустош. Граѓаните тоа добро го паметат.
Во сос