ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во очај пред соочувањето на избори во кои влегува со мизерен рејтинг и никаква програма

СДСМ е во очај пред соочувањето на избори во кои влегува со мизерен рејтинг и никаква програма. Затоа на Бихаќка преминуваат на нивните добро- познати некрофилски тактики за лаги и манипулации кои народот одамна не им ги купува. Затоа рејтингот на СДСМ е 15,7%, наспроти повеќе од двојно поголемиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ од 36,8%. 
СДСМ не ги осуди нападите врз лекарите со огнено оружје туку напротив оние кои се обидоа да убиваат здравствени работници ги нарече „реакции на незадоволни пациенти кои правдата ја земале во свои раце“.
СДСМ лажеше и го пумпаше бројот на мртви новороденчиња бидејќи несфатливо и нечовечки, но на СДСМ во политичката борба за ситни поени им одговараше бројот на мртви доенчиња да е зголемен.
СДСМ никогаш не се извини за срамното нечовечко манипулирање со бројот на мртви доенчиња. СДСМ се интересира за здравјето на граѓаните и за човечките животи само кога од нив има корист во политичката битка.
Кога не може да ги користи во црните некрофилски кампањи, за СДСМ луѓето со проблеми и трагични судбини не постојат.
Единствен проект на СДСМ во здравството кој се памети е јувелирницата на Владо Димов од која бисерни орглици си добиваа неговите колешки.
Во време на СДСМ немаше нова опрема за здравствените домови. Денес се вложуваат стотици милиони евра за нова опрема и подобро здравје на граѓаните.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ го изгради најсложениот здравствен објект во историјата на Република Македонија, ПЕТ Центарот на кој со најсовремена опрема ќе се овозможи примена на најсовремени методи за рано дијагностицирање на болести, нивно следење, лекување, како и следење на успешноста на терапијата.
Проектот кој Макеоднија ја издигнува едно место повисоко на светската здравствена мапа чинеше 16 милиони евра.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ го изгради и новиот објект на Детската болница – Козле, еден од најкрупните проекти во областа на здравството кој се реализира согласно врвните европски и светски стандарди за здравствени услуги од оваа област. Стариот објект беше изграден во 1965 година и предвиден само за времена употреба. СДСМ во тој објект не промени ниту една сијалица.
Во 2005 во време на СДСМ за лекување во странство се потрошени 164 милиони денари. Во 2015-та Фондот за здравствено осигурување одобрил средства за лекување во странство во износ од 300 милиони денари. Во време на СДСМ годишно се доделуваа мизерни 30 специјализации.
Денес се доделуваат 308 специјализации и 75 суб-специјализации – 15 пати повеќе од специјализациите кои ги доделуваше СДСМ. За првпат се воведува мерката кофинансирање на приватна специјализација за здравствени работници кои не се вработени во јавни здравствени установи.
Ова се само дел од мерките и проектите кои во здравството ги презема владата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните тоа го знаат, го гледаат и паметат. Затоа рејтингот на СДСМ е мизерни 15,7%, а рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 36,8%. Затоа во СДСМ се во очај и паника пред 10-тиот по ред пораз на 24 април и затоа применуваат вакви нечовечки срамни лешинарски тактики на злоупотреба на туѓите трагедии во полза на дневната политика на СДСМ.
Затоа за 73 дена СДСМ ќе биде ригорозно казнет од граѓаните.
  
СДСМ не ги осуди нападите врз лекарите со огнено оружје туку напротив оние кои се обидоа да убиваат здравствени работници ги на

Пронајдете не на следниве мрежи: