ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека СДСМ ги губи изборите во изминатите десет години поради агресивно однесување против фактите и вистината.Според ВМРО-ДПМНЕ, раководството на СДСМ ја претворило партијата во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.
– Криминалците во врвот на СДСМ не сакаат граѓаните да ја знаат вистината. Мислат дека така ќе го сокријат криминалот и ќе ја избегнат правдата. Затоа криминалците во врвот на СДСМ наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари кои не се под контрола на СДСМ/Сорос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Наведуваат имиња на нападнати новинари во изминатиот период, и посочуваат дека „ниту Здружението на новинари на Македонија, ниту соросовите невладини не реагираа кога биле напаѓани физички и со напади по живот оние новинари кои не ги исполнувале нарачките на Бихаќка и оти со молк ја одобрувале агресијата кон новинарите. Тие, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, се очигледно соработици во криминалот на СДСМ.
– Поради ваквото агресивно однесување против фактите и вистината, резултатот на СДСМ во изминатите 10 изборни циклуси е пораз со 10:0 од граѓаните на Република Македонија. Народот не сака криминалци и медиуми кои штитат криминалци, се вели во соопштението. Според ВМРО-ДПМНЕ, раководството на СДСМ ја претворило партијата во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.
– Крими