Тиранската Платформа се прочита на говорницата во Собранието на Република Македонија. Таа се состои од неуставни елементи, со чие реализирање ќе дојде до редефинирање на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Македонската јавност уште еднаш имаше прилика да ја забележи дволичноста на криминогениот СДСМ и нивниот претседател аболицираниот криминалец Зоран Заев кои за лична корист тргуваат со интересите на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ јавно ја отрфли Тиранската Платформа и го потврди својот став дека нема да формира Влада по секоја цена.
Патоказот кој го понуди ВМРО-ДПМНЕ е добра основа за постигнување консензус околу излез од кризата. Убедени сме дека со чесен пристап, откако ќе одговориме на отворените дилеми, ќе го имаме и одговорот во која насока треба да го бараме излезот од сегашната ситуација.
1.Да се усогласиме дали важноста на политичката праксата за Коалицирање на победник со победник е фактор на дополнителна стабилност во државата дали како таква треба опстои или се отфрла сега и во иднина. Доколку се отфрла тоа би било во интерес на изедначување на гласот на секој пратеник, со сите логични последици од таков чекор?
– Ова е неопходен предуслов со цел одбегнеме двојни стандарди во домашната политика и менување на политичките традиции, обичаи зависно од изборните резултати. На долг рок усогласувањето околу овој принцип и неговото важење или отфрлање ќе донесе поголема предвидливост на политичката сцена.
2.Дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели или пак единствено тие кои што се претставени и верификувани од граѓаните на Република Македонија на избори се актуелни, релевантни и продуктивни агенди за држават
3. Дали при конституирање на Собранието, сегашното но и во секој иден состав позицијата Претседател на Собранието на Република Македонија логично би му следело на политичката коалиција или партија којашто победила на изборите или треба да биде предмет на надгласување?
– Во истиот контекст, кои би биле гаранциите дека оваа позиција Претседателот на Собранието на Република Македонија не би била злоупотребена за политички махинации со цел одложување на одредени закажани или превидени избори и игнорирање на волјата на мнозинството граѓани кои што имаат најголем број на изгласани пратеници во Собранието ?
4. Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултурниот модел македонското општество со подеднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на овој моделот во двонационален, на сметка на повеќето не мнозински заедници?
5. Дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирањето на земјата, институциите, економијата и европските реформи за евроинтеграции како обединителна сила за сите граѓани, или пак сите овие приоритети треба да се заменат со редефинирање на односите помеѓу заедниците и државното устројство на Република Македонија?
ВМРО-ДПМНЕ има изградено позиции по овие прашања кои што се водат од заедничкиот интерес на државата и на сите нејзини граѓани без оглед на нивната етничка или политичка припадност.
ВМРО-ДПМНЕ ја разбира загриженоста на граѓаните кои секој ден излегуваат на улици да изразат револт. Ја разбира и причината зошто вчера околу двесте илјади луѓе се собраа и излегоа низ улиците на градовите во Република Македонија.
Граѓаните се чувствуваат изиграни и загрозени, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донесе двојазичност и федерализација.
Заради тоа народот е на нозе !
Заради тоа Македонија се буди !Македонската јавност уште еднаш имаше прилика да ја забележи дволичноста на криминогениот СДСМ и нивниот претседател аболицираниот криминалец Зоран