СДСМ и понатаму пропушта да даде одговор зошто го игнорира загадувањето на воздухот кога има моќ на одлука.СДСМ се грижи за загадувањето на воздухот само кога сака да манипулира за ситни политички поени.
СДСМ не сакаше македонските граѓани да знаат воопшто дека проблемот со загадување на воздухот постои и затоа го игнорираа.
Ако СДСМ не го игнорираше загадувањето, ќе мораше да сработи нешто, а тоа е исклучително тешко кога станува збор за СДСМ. Затоа е СДСМ во опозиција.
За разлика од СДСМ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им препорача на сите правни субјекти во Градот Скопје и Општината Тетово (каде беше констатирано дека во десет последователни дена ПМ-10 честичките се над дозволените граници), да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4 јануари.
Владата на Република Македонија им препорача на Градот Скопје и oпштината Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.
Владата го задолжи Државниот инспекторат за животна средина до 4 јануари 2016 година да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на А интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до Министерот за животна средина и просторно планирање и до Министерот за здравство.
Владата им препорача на Градот Скопје и другите општини, преку овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори, до 4 јануари 2016 година да вршат еднаш неделно контрола на инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола само во делот на емисии во воздухот и имисии. Притоа, во рамки на контролите на територија на Градот Скопје и Општината Тетово, да се даде препорака за редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа.
Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ги даде следните препораки до граѓаните:
– Граѓаните почесто да го користат јавниот превоз
– Граѓаните да не ги користат возилата без поголема потреба
– Граѓаните да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
– Да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал
Истовремено, Владата на Република Македонија го задолжи Државниот инспекторат за животна средина да изврши контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да преземе соодветни мерки.
Владата на Република Македонија преку надлежните институции ќе ја следи реализацијата на донесените заклучоци, и состојбата поврзана со загаденоста на воздухот.
Претходно, владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа Влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици.
Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
Ова се конкретни мерки како дел од континуираните напори за подобрување на квалитетот на воздухот. Ова се проекти, ова е ангажман.
Во СДСМ не може да се пофалат ниту со ветувања на оваа тема кои очекувано не би ги оствариле, бидејќи загадувањето на воздухот од СДСМ беше игнорирано во целост.
СДСМ фатен на дело во скандалите со Фабриките за Афери, рекордно нискиот рејтинг и немањето ниту една конкретна идеја спасот го бара во манипулирањето со здравјето на граѓаните.
Оваа несериозност ќе биде казнета од народот, десетти пат по ред.
За само 117 дена доаѓа крајот за ваквиот СДСМ.
СДСМ се грижи за загадувањето на воздухот само кога сака да манипулира за ситни политички поени.
СДСМ не сакаше македонските граѓани д