СДСМ ја измисли корупцијата во Македонија.СДСМ има пребогато искуство да зборува за корупција. СДСМ го има Заев.
Единствената замерка која СДСМ во моментов ја има е што во нивно време Македонија на рангирањето на Транспаренси Интернешенал беше на 106-тото место, а денес е 40-тина позиции подобро рангирана поради намалената корупција во земјата.
СДСМ се лути кога корупцијата во државата не е на нивото кое СДСМ го воспостави. СДСМ не сака да живее во земја која што се бори против корупцијата.
Кога се намалува корупцијата во Македонија, СДСМ чувствува дека губи дел од себе и од наследството кое им го остави на граѓаните.
Затоа и денешен СДСМ се бори жолчно Македонија да се врати над 100- тото место на листата на Транспаренси Интернешенал.
Затоа Зоран Заев го воспостави методот „Евро за црквата, евро за Вицето“, за барем општината која ја владее да ја врати на нивото на СДСМ.
Во Струмица Заев ја распостели својата тендерска коруптивна мрежа од која кланот Заеви влече црни пари со кои го финансира СДСМ, со крајна цел СДСМ да дојде на власт па да може Македонија повторно да се најде на 106-тото место на листата на Транспаренси Интернешенал.
Заев го положи партискиот испит за да стане лидер со случајот „Глобал“ кога беше осомничен за корупција вредна 8 милиони евра. Беше аболициран од неговиот политички ментор и духовен водич во коруптивните шеми на СДСМ.
Затоа и Заев и СДСМ знаат одлично што е корупција, матни зделки и крадење на народни пари.
Затоа Заев и СДСМ губат 9 пати по ред на избори, а за 87 дена на 24 април ќе го доживеат најзаслужениот јубилеен 10-ти пораз.СДСМ има пребогато искуство да зборува за корупција. СДСМ го има Заев.
Единствената замерка која СДСМ во моментов ја има е што во нивно вре