СДСМ е единствената опозициона партија во светот која што се радува на одложени избори. Трагично, смешно и врв на апсурдот.Реакција на реакцијата на СДСМ која се однесуваше на прес конференцијата на Владимир Ѓорчев
СДСМ како свој успех го смета тоа што инсистираше да се одложи 10-тиот нивни пораз по ред во минатите 11 години.
СДСМ мисли дека ако успее да ги одложи изборите ќе си ги одложи и проблемите и трагичната состојба во и околу партијата: мизерен рејтинг меѓу граѓаните кој паѓа се повеќе и повеќе, бидејќи освен деструкција, лаги и „успеси“ како спречување на граѓаните да си го остварат своето врвно демократско право, СДСМ нема ништо друго зад себе.
Но, изборите не може да се одложуваат вечно. СДСМ ќе мора да се појави пред народот, да го погледне во очи и да му објасни зошто ја втурна Македонија во криза и направи се што може за кризата да потрае што подолго. СДСМ ќе мора на граѓаните да им објасни зошто реши да ги казнува и да ја држи државата во агонија, само затоа што ја нема поддршката од граѓаните.
СДСМ на граѓаните ќе мора да им објасни зошто организираше протести 2 месеци кои освен што создадоа штета од речиси 300.000 евра, само придонесуваа за продлабочување на кризата во Македонија и меѓучовечките односи.
Сакал СДСМ или не, тоа ќе се случи на наредните избори – односно тогаш кога СДСМ ќе собере храброст да се соочи со неизбежното: најголемиот и најзаслужен пораз досега.Реакција на реакцијата на СДСМ која се однесуваше на прес конференцијата на Владимир Ѓорчев
СДСМ како свој успех го смета