СДСМ кога најавува укинување такси треба да почне со укинување на вицевиот данок од „Едно евро за Вицето“ која е непишано правило и закон за сите Струмичани кои ќе помислат на било каква соработка со општината.Само така мултимилионерите од СДСМ може да се обидат да бидат поуверливи во лажната грижа за давачките на граѓаните.
Впрочем, лидерот Зоран Заев не е сигурен ни за тоа дали има семејно богатство од шест или од седум милиони евра, како што самиот кажа во интервју пред граѓаните. Еден милион евра за мултимилионерите од СДСМ не значат ништо.
Но затоа СДСМ манипулира дека наводно се грижи за давачките на граѓаните и собирањето даноци.
Ниските даноци кои ги воведе оваа влада се од корист на сите бизниси.
Неплаќачите на даноци секогаш се со месеци порано и повеќекратно предупредувани дека доколку во одреден рок не ги исполнат своите обврски, ќе биде спроведена крајната мерка и блокирање на сметките.
СДСМ може да манипулира и да тврди дека тие би ги укинале сите даноци, дека никој нема да треба да плаќа данок и дека државата парите ќе ги наоѓа на дрво, кај Вицето или во милионските кредити кои СДСМ ги користеше строго за лични цели и со нула инвестиции во Република Македонија, кредити кои ги плаќаме и ден денес и ќе ги плаќаме и во иднина.
За ваквите манипулации СДСМ има уште само 73 дена. На 24 април доаѓа казната на избори. Народот десетти рекорден пат по ред ќе ги потсети СДСМ дека со лаги и манипулации не се доаѓа на власт.Само така мултимилионерите од СДСМ може да се обидат да бидат поуверливи во лажната грижа за давачките на граѓаните.
Впрочем, лидерот Зоран