Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ што се однесуваше на намалената невработеност
Ја разбираме патолошката потреба на СДСМ да лаже, да негира и да плука по успесите кои ги бележи Македонија. Тоа го прават од едноставна причина што во време на нивното владеење нема никаков резултат или бележеа длабок минус.
Според СДСМ лаже и Светската Банка кога ја рангира Македонија на 6 место во Европа според Дуинг Бизнис. Според СДСМ лажат и Евростат, ММФ, Европска Комисија, кога ги поздравуваат и признаваат успешните економски политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, благодарение на кои Македонија е четврто најмалку задолжена земја во Европа. За СДСМ е кошмар тоа дека е намалена стапката на невработеност на рекордно ниски 24,6%, која во време на СДСМ поради криминалната приватизација се искачи на 39%.
СДСМ не може со ниту една лага да го прикрие фактот дека од 2006 до сега се отворени над 160 000 нови работни места, а во нивно време наместо за нови фабрики и вработувања се зборуваше за 684 затворени фабрики и 200 000 избракани работници на улица.
Денес во Македонија како никогаш до сега се гради, се градат 3 автопати, локални, регионални патишта, болници, училишта, градинки, гасовод и уште десетици други проекти во интерес на граѓаните. Денес извозот на македонската индустрија и земјоделство е зголемен во споредба со времето на СДСМ.
СДСМ треба само да ги погледнат сите статистички показатели за да сватат како Македонија успеа да ја намали невработеноста на 24,6%.
Кога тргнале да ги оспоруваат сите постигнувања, очекуваме во следното соопштение СДСМ да го оспори и успехот на македонската кошаркарска репрезентација во 2011, кога ФИБА ја рангираше на 4-то место на европското превнство.
Овие постигнувања СДСМ не сака да ги види, но граѓаните секој ден ги гледаат. Затоа СДСМ се плаши, бидејќи видливи се делата од работата на ВМРО- ДПМНЕ. СДСМ затоа се плаши од соочување со народот, затоа што знаат што ги чека, јубилеен десети пораз по ред овој пат покатастрофален и от тој кој го доживеа Радмила Шекеринска.
Ја разбираме патолошката потреба на СДСМ да лаже, да негира и да плука по успесите кои ги бележи Македонија. Тоа го прават од е