Телевизиите 24 Вести и Телма упорно не запираат со нееднакво отстапување простор за промоција на тезите и ставовите на СДСМ, за сметка на тезите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквото пристрасно известување во полза на СДСМ за јавноста е се позабележливо од ден во ден, реагира ВМРО-ДПМНЕ.После неколку дена на второто место на листата на телевизии кои им отстапуваат најмногу простор на тезите и ставовите на СДСМ, телевизија Телма повторно го презема приматот за неизбалансирано известување и во централните вести одвои цели 615 секунди за извртување на ставовите на ВМРО ДПМНЕ, време во кое презентираше ставови и гледишта исти како тие на СДСМ.
На потег сега е телевизијата 24 Вести коja вчера отстапи вкупно 535 секунди за неосновано и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ во централните вести, при што се промовираат ставови и гледишта речиси исти со оние од партиските соопштенија на СДСМ.
Доколку заостана зад Телма во дебатните емисии, 24 Вести надокнади „за сите пари“, отстапувајќи им околу 3600 секунди на гостите со про-опозициски ставови, грубо и неаргументирано инсинуирајќи на штета на ВМРО-ДПМНЕ. Порталите кои јавноста и да не сака веќе ги препознава како партиски гласила на СДСМ, како Плусинфо, Либертас, А1он, Фокус, Нова Тв и редица други кои се приматели на грантовите на Сорос, после намалената активност во недела повторно се вратија на дневната норма и објавија над 110 текстови во кои се воздига и промовира СДСМ, а околу 90 текстови во кои неаргументирано се оцрнуваат и сатанизираат политиката и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Лицемерие е кога СДСМ зборува за неизбалансирано известување во услови кога зад себе има цела армија портали кои се употребуваат како партиски гласила и неколку телевизии со национална концесија, кои своите презентерски наративи на мистериозен начин ги преклопуваат со тезите пласирани од „Бихаќка“. СДСМ не сака професионализам во медиумите, туку сака целосна контрола врз нив.
СДСМ сака сите медиуми да работат по урнек на овие кои без забелешки ги спроведуваат диктатите од Бихаќка, а оние кои нема да ги слушаат смерниците од СДСМ сака да ги уништи. Затоа им спремаше и свилен гајтан преку законот за медиуми со кој тоталитарно ќе можеше да донесе одлука за ригорозни казни, од парични до одземање концесија, за сите медиуми кои СДСМ не сака да постојат и ги нарекува свои политички непријатели.
Граѓаните се прашуваат колку пари чини и на каков начин се плаќа ваквата промоција на СДСМ, па дали сите овие медиуми се регистрирани како медиуми, дали за медиумските мегафони на СДСМ важат истите закони како и за останатите граѓани, односно дали се исплаќаат пари за ваквата пропаганда на сметка или се делат пари под маса од црните фондови на СДСМ?После неколку дена на второто место на листата на телевизии кои им отстапуваат најмногу простор на тезите и ставовите на СДСМ, телевизија Телма пов