ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака слободни медиуми туку тотална контрола врз медиумите

Продолжува непринципиелното неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ. 
Граѓаните кои ги следеа овие медиуми немаа прилика да дознаат дека со помош на проектот „Ало, докторе“ значително е зголемена ефикасноста на Итната медицинска помош, како и дека со новите набавки Итната медицинска помош во Скопје ќе има двојно поголем број на тимови и двојно поголем број на возила, а докторите повисока плата.
Но затоа 24 Вести оддели 755 секунди од своите централни вести за промоција на измислиците и конструкциите на СДСМ, додека во дебатните емисии на оваа телевизија на тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ и извртување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ им беше доделена секундажа од 3215 секунди. ТВ Телма вчера во централните вести овозможи 390 секунди за промовирање на тезите кои произлегуваат од манипулативната пропаганда и измислиците на СДСМ, како и за неаргументирано напаѓање врз ВМРО-ДПМНЕ.
Само на овие две телевизии пропагандата на СДСМ беше застапена со вкупно 4360 секунди во само еден појас на информативни програми и дебатни емисии, односно неколку пати повеќе од тоа во текот на целиот ден.
Од почетокот на март СДСМ доби 117.136 секунди во истиот програмски појас на две телевизии кои според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и не се ставени на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ, како што се телевизиите кои не се под диктат на СДСМ.
Порталите за кои граѓаните велат дека се партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите вчера повторно работеа во насока на постигнување баланс на своето банкарско конто на кое легнуваат грантовите од Сорос, пишувајќи стотици и стотици текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Такво е избалансираното новинарство според СДСМ – илјадници секунди за нивните измислици и лаги секој ден на телевизиите и стотици нарачани текстови на порталите.
СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите
  
Граѓаните кои ги следеа овие медиуми немаа прилика да дознаат дека со помош на проектот „Ало, докторе“ значително е

Пронајдете не на следниве мрежи: