Во очај од неизбежниот пораз кој ги очекува на 5 јуни, СДСМ продолжува со заканите и притисоците врз судиите и судскиот систем во Р. Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ нема грам кредибилитет да зборува за партизација во судството, бидејќи е позната како партијата која во само еден ден има избрано 617 судии и над стотина обвинители.
СДСМ кога зборува за поврзаност на партијата со судството треба да се обрати кај Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер несудениот министер за Надворешни работи од СДСМ. СДСМ треба да го запраша за поврзаност на партијата со судскиот систем и Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, СДСМ сонува за ваква партиска испреплетеност во судскиот систем. СДСМ преку своите невладини експоненти упати срамни закани до судиите кои се чувари на уставноста, најавувајќи им дека ќе ги влече за уши и ќе ги крева на клоци само зошто истите не подлегнуваат на притисоците од Бихаќка.
СДСМ уште еднаш го покажува тоталитарното лице и вистинскиот капацитет. СДСМ сака да го приватизира судството во Македонија. Затоа граѓаните го држат СДСМ далеку од власта. Во 2009 година здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2009“ беше ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој го аболицираше криминалецот Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.
СДСМ е партија која го менува својот став во зависност од дневно партиските потреби, намерно создавајќи кризи во рамките на своите деструктивни сценарија. СДСМ сака целосно да го закрви народот и да го стави во игра на црните сценарија на СДСМ, за рушење и декомпонирање на државата.
На ваквата политика на СДСМ граѓаните одамна и кажаа Не. Најдобар показател за тоа ќе бидат изборите на 5 Јуни, кога граѓаните ќе го го казнат СДСМ 10-ти пат по ред.СДСМ нема грам кредибилитет да зборува за партизација во судството, бидејќи е позната како партијата која во само еден ден има избрано 617 судии и