СДСМ е инфериорен кога станува збор за соочување со вистинските проблеми и грижи на граѓаните. СДСМ нема што да им понуди на граѓаните. Затоа централната тема на СДСМ на 40 дена пред избори е сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ е свесен дека не може да му парира на ВМРО кога се во прашање проекти, економија, намалување на невработеност. Затоа СДСМ мора да измислува и фабрикува лаги и да ја манипулира јавноста, наметнувајќи теми кои пред избори треба да го оттргнат вниманието на граѓаните од понудата на партиите.
СДСМ уште еднаш го покажа вистинското лице. Не ги интересираат ниту фактите, ниту институционалните постапки. Фабриката за афери ќе смисли конструкција и партијата и медиумите под контрола на партијата ќе пресудат. Затоа од СДСМ нема одговор кои се лицата кои го следеле заменик министерот Диме Спасов.
Затоа од СДСМ нема одговор што е преземено против овие лица. Затоа СДСМ и медиумите мора да измислуваат лаги и конструкции без ниту еден доказ, во функција на создавање конфликтност, деструкција и кризи. Тоа го прават само очајни луѓе кои знаат дека ги чека огромен пораз на престојните избори.
Јавноста гледа дека Фабриката за афери на СДСМ повторно работи во три смени. Добро е што на 11 декември народот ќе ја стави во стечај фабриката и ќе запре ваквата деструкција на СДСМ. На народот му е веќе преку глава наместо со реални проблеми да се занимава со измислиците на Зоран Заев. СДСМ знае дека граѓаните нема да го одберат она што тие го нудат: следења, подметнувања, провокации, фабрикации и манипулации.
СДСМ знае дека граѓаните уште еднаш ќе се одлучат за понудата на ВМРО-ДПМНЕ: развој, излез од кризата, нови работни места и просперитет.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ е свесен дека не може да му парира на ВМРО кога се во прашање проекти, е