ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. Тие ги сака само медиумите над кои има целосна контрола

 
Непринципиелното и неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ, продолжува без застој.
  
 
Тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа промовирани во 4834 секунди на централните вести и дебатни емисии на ТВ Телма, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ посвети 4506 секунди во еден блок на централните вести и дебатни емисии.
Пропагандата на СДСМ на нивните омилени телевизии беше застапена со вкупно 9340 секунди во само еден појас на информативни програми и дебати.
Само во месец март СДСМ доби цели 146.850 секунди за ширење на својата манипулативна пропаганда, додека од почетокот на месец април доби 111.543 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии.
Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно беа преполни со стотици текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е избалансираното новинарство кое го сака СДСМ – илјадници секунди за нивните измислици и лаги секој ден на телевизиите и стотици нарачани текстови на порталите.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола.
 
  
 
Тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа промовирани во 4834 секунди на централните вести и дебатни

Пронајдете не на следниве мрежи: