Медиумите кои според СДСМ се фер и избалансирани затоа што секојдневно на тезите произлезени од фабриките за афери на Бихаќка им отстапуваат илјадници секунди во своите информативни програми и дебатни емисии, повторно известуваа селективно.Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја слушнат вистината.
Тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа промовирани во 4682 секунди на централните вести и дебатни емисии на ТВ Телма, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО- ДПМНЕ посвети 4015 секунди во еден блок на централните вести и дебатни емисии. Пропагандата на СДСМ на овие телевизии беше застапена со вкупно 8677 секунди во само еден појас на информативни програми и дебати. Во март СДСМ доби 146.850 секунди, додека од почетокот на месец април доби 72.542 секунди во само еден програмски појас на овие телевизии.
Ваквите телевизии според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и ги нема на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ. Со телевизиите кои не отстапуваат илјадници секунди секој ден на пропагандата од Бихаќка, СДСМ планира да се пресметува преку драконски казни и одземање лиценци.
Порталите кои граѓаните ги идентификуваат како партиски гласила на СДСМ, како што се наградуваниот за фабриките на СДСМ Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила, вчера повторно работеа со полна пареа промовирајќи ги конструкциите и измислиците на СДСМ во стотици нарачани текстови. Според СДСМ, така изгледа избалансираното новинарство – медиумите кои ќе ги слушаат нарачките од СДСМ ќе се фер и балансирани, а другите ќе се најдат на ѕидот на срамот и треба да бидат казнети со одземање на лиценцата.
На граѓаните им е совршено јасно дека СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ единствено сака тотална контрола врз медиумите.Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја слушнат вистината.