СДСМ потроши милијарди евра кога беше на власт, а зад себе не остави ни еден километар локален пат. Впрочем СДСМ парите тогаш ги трошеше на бисери, коњи, уметнички слики, рејбан очила, скапи ручеци или набавки на виски. За да му замачка очи на народот од време на време помпезно ставаше по некоја лопата, како во случајот со патот од Велес до Прилеп преку Бабуна и буквално само на тоа остануваше.СДСМ нема изградено или реконструирано ниту еден километар локален пат. Тие дури и се потсмеваа со ангажманот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период да гради и да реконструира локални и регионални патишта, кои граѓаните најчесто ги користат.
За тоа кој и колку градел локални патишта граѓаните многу добро знаат.
За тоа говорат и фактите кои СДСМ не сакаат да ги видат. Само во изминатите 5 години се изградени 404 локални патишта во вкупна должина од 730 километри и вредност од околу 65 милиони евра. Со истото темпо ќе се продолжи да се работи и во иднина.
Дополнително се изградени и реконструирани околу 520 километри регионални патишта во вредност од околу 98 милиони евра, а во тек е работата на13 регионални патишта во должина од 165 километри и вредност од околу 48 милиони евра, а планирана е изградбата на уште 11 регионални патишта во должина од 200 километри и вредност од околу 373 милиони евра.
Исто така изградени и реконструирани се 85 километри автопат во вредност од околу 42 милиони евра. Во тек е изградба и реконструкција на 142 километри автопат во вредност од околу 795 милиони евра.
Ова се фактите кои СДСМ може ако сака да ги види доколку излезе од своите зачмаени канцеларии. Граѓаните овие патишта секој ден ги гледаат и ги користат. Тоа ги боли СДСМ. Тие знаат дека мораат да пишуваат соопштенија колку да се изманипулира нешто на ситно, а реалната слика во инфраструктурата е многу поинаква од катастрофата која зад себе ја оставија тие.
Граѓаните ќе им ги покажат и локалните и регионалните патишта на 24 април, кога СДСМ нема да знае кој пат да го фати од срамниот пораз кој по десети јубилеен пат ќе им го испорача народот на избори.СДСМ нема изградено или реконструирано ниту еден километар локален пат. Тие дури и се потсмеваа со ангажманот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ в