Секогаш кога рејтинзите на СДСМ се мизерни, се активираат бесрамните „јадачи на живи луѓе“ кои злоупотребуваат туѓи судбини во обид да ја покријат сопствената неспособност со лаги.СДСМ планира мизерниот рејтинг да го поправи со сто пати кажување лага која ќе се надеваат дека ќе стане вистина.
СДСМ не се грижи за човечките животи. Не се грижеше за здравјето на граѓаните кога беше на власт, а ниту денес здравјето на граѓаните на СДСМ не му значи ништо.
СДСМ повторно бедно лаже во напад на хроничен некрофилизам. СДСМ го пумпа бројот на починати доенчиња за да го употреби во црните кампањи во здравството. За некрофилите од Бихаќка е добро да има повеќе починати бебиња за да го напаѓаат министерот за здравство.
Кога нема зголемување, туку намалување на степенот на смртност кај доенчињата, како што покажуваат сите релевантни официјални бројки на ДЗС, тогаш СДСМ настапува со чаушови тактики и си измислува бројки. Мизерно, срамно и тажно.
СДСМ не се грижи ниту за здравствените работници. Луѓето кои пукаа со огнено оружје кон лекарите СДСМ ги нарече „незадоволни граѓани кои правдата ја земале во свои раце“ и не го осуди обидот за убиство на лекарите.
СДСМ манипулира и со бројот на граѓани кои се лечат во странство. Во време на СДСМ ФЗО трошел 164 милиони денари за лекување на граѓани во странство. Денес ФЗО дава речиси дупло во споредба со времето на СДСМ, поточно 300 милиони денари годишно за оваа намена.
Во време на СДСМ граѓаните мораа да патуваат и до соседните земји за обични процедури на лечење, бидејќи не можеа да се лечат во Македонија.
Немаше доволно опрема, бидејќи парите од здравството завршуваа за набавка на ѓердани и бисери, наместо за медицинска опрема.
Денес работите се променети и граѓаните тоа го чувствуваат.
Инвестициите на владата на ВМРО-ДПМНЕ најдобро ги чувствува и артикулира токму СДСМ-овскиот првоборец во здравството Јагода Шахпаска.
Таа кога не мора да лаже во рамките на лешинарските црни кампањи од Бихаќка е многу задоволна од инвестирањето во нова опрема.
„Овој апарат не става во предност во однос на соседните здравствени домови од соседните општини затоа што таков апарат не постои во тие установи.
Со ова е многу олеснета работата на нас како доктори, а од друга страна е овозможен полесен пристап и побрз на пациентите кои што имаат насушна потреба за ваква дијагностика.“
Ова се зборовите на Јагода Шахпаска кога во присуство на министерот Никола Тодоров во здравствениот дом во Пехчево беше промовиран ехо-кардиографот.
Овој апарат е само еден од многуте набавени за потребите на здравствените установи низ целата земја, за што се вложија повеќе од 100 милиони евра.
СДСМ милионите евра кои ги пумпаше од буџетот и кредитите со кои ја задолжи Македонија наместо во подобрување на здравството ги трошеше на ѓердани.
Додека министрите на СДСМ си играа златари, граѓаните мораа да купуваат стентови под маса, 8 месеци се чекаше за ангиографија и неретко срцевите болни не успеваа ни да ја дочекаат, на клинички работеше еден компјутерски томограф, а за зрачна терапија граѓаните мораа да одат до Грција бидејќи тука акцелераторите не работеа.
Кога СДСМ зборува за инвестиции и грижа за здравствениот систем, најтешко и е на логиката, а најрадосни се продавачите на бисери и ѓердани.
СДСМ нема кредибилитет да го критикува здравствениот систем во кој нема вложено ниту денар за набавка на нов апарат, нема испратено ниту еден доктор на едукација, ниту има поставено клинец за реконструкција на некоја болница или темел за изградба на нова болница.
СДСМ не може да купи кредибилитет со сто пати кажување лаги и манипулации.
Може само да продолжи со нив, да ги каже уште 100 илјади пати. Џабе, како и се од СДСМ. За 66 дена народот ќе ги казни 10-ти пат по ред. Ита поразот за СДСМ.СДСМ планира мизерниот рејтинг да го поправи со сто пати кажување лага која ќе се надеваат дека ќе стане вистина.
СДСМ не се грижи за човеч