СДСМ повторно не може да се помири со сопствената неспособност која граѓаните ја гледаат секојдневно.СДСМ сака да го игнорира рекордно нискиот рејтинг кој е таков поради манипулациите, фалсификатите, аферите, фашистичкиот однос кон медиумите, заканите кон банките.
На СДСМ сите им се криви. Најмногу математиката и логиката.
Не се ИРИ и БРИМА ГАЛУП тие кои фалсификуваат јавно мислење. За фаслификати се задолжени Фабриките за Афери на СДСМ.
ИРИ и БРИМА ГАЛУП цела деценија наназад прецизно го скенираат мислењето на народот.
Последните анкети направени пред да се потврди дека СДСМ соработува со криминални групи, велеше следно: рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 33,3%, а на СДСМ е 14,7%.
Рејтингот на Зоран Заев после сите негови обиди на деструктивен начин да дојде на власт падна на спектакуларен начин.
Падот на рејтингот на Заев од 30% за 4 месеци каков што ни Гинис не памети докажа дека никој не верува во празните зборови на Зоран Заев и неговата наводна борба за слобода и демократија.
Народот знаеше дека Зоран Заев не е чист, а сега само се увери. Доколку денес некој го мери рејтингот на Заев, сигурно ќе биде понизок и од оној на пензионираниот Бранко Црвенковски.
Народот го виде вистинското лице на Заев, човекот кој соработува со криминалците од Фабриката за Афери на СДСМ.
Прецизните анкети совршено точно го скенираат расположението на народот, и тоа не може ниту едни Фабрики за Афери на СДСМ да го покријат.
Волјата на народот не може да биде фалсификувана.
Народот девет пати по ред му кажувал на СДСМ што мисли за неговите манипулации.
На 24-ти април по рекорден десетти пат СДСМ незапирливо ита кон дното и ќе доживее катастрофален пораз.СДСМ сака да го игнорира рекордно нискиот рејтинг кој е таков поради манипулациите, фалсификатите, аферите, фашистичкиот однос кон медиумите, закан