ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со проектот „100 пати кажи лага и надевај се дека некој ќе ти поверува“

Овој трагикомичен проект е трет проект на СДСМ во здравствениот сектор, после отворањето на познатата јувелирница во време на Владо Димов и бизнис инкубаторот за набавка на стентови кој го водеа високи партиски функционери на СДСМ. 
СДСМ може лагите и манипулациите да ги повтори уште 100 илјади пати бидејќи очигледно е дека има време на претек – освен лаги и манипулации, нема ништо што да понуди.
Сепак, граѓаните нема да заборават дека во време на СДСМ стентови се продаваа под маса, 8 месеци се чекаше за ангиографија и неретко срцевите болнине успеваа ни да ја дочекаат, на клинички работеше еден компјутерски томограф, а за зрачна терапија граѓаните мораа да одат до Грција бидејќи тука акцелераторите не  работеа.
Сето ова се случуваше затоа што министрите за здравство на СДСМ купуваа ѓердани наместо да водат сметка за здравјето на граѓаните.
За разлика од златарите за здравство од СДСМ, владата на ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на подобрување на квалитетот на здравствениот систем.
Во делот на здравствената инфраструктура во тек е инвестициски циклус со вредност од 150 милиони евра, од кои дел од инвестициите се комплетно реализирани, а дел се во тек.
Во Клиничката болница во Штип набавена е опрема: компјутеризирана томографија, магнетна резонанца 1.5 Т, литотрипор, ангиограф, коскен дензитометар, кардиолошки ехо-апарати, гинеколошки 4Д ехо апарати, инкубатор
Oвие апарати за СДСМ очигледно биле научна фантастика и граѓаните од Штип можеле да ги видат само на слики, а потоа да патуваат стотици километри за да се борат за своето здравје.
Изградбата на нова клиничка болница во Штип е еден од најголемите инфраструктурни проекти во македонското здравство. Оваа Влада ја гради штипската клиничка болница еднаш, за разлика од СДСМ кој ниту еднаш не  изгради ниту нов објект за болница во Штип, ниту нов здравствен објект во било кој дел од државата.
На проектот за нова клиничка болница Штип Владата на ВМРО-ДПМНЕ работеше неколку години макотрпно, со максимална посветеност и со единственацел – жителите од целиот регион на Источна Македонија да добијат  најсовремен медицински центар според врвните европски и светски стандарди.
Изградбата ќе започне многу скоро, а граѓаните може да ни веруваат бидејќи се што ќе ветиме – остваруваме.
За потсетување на златарите од СДСМ, еве дел од покрупните проекти во здравството, ветени и реализирани од владата на ВМРО-ДПМНЕ:
-Комплетно нов објект за Детската болница Козле, инвестиција вредна околу 7 милиони евра, реализирана според врвните европски и светски стандарди за здравствени услуги од оваа област. Болница која е единствена од ваков тип кај нас и една од најмодерните во регионот.
-Комплетно нов објект на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, со значително поголем простор од претходниот, и значително подобри и посовремени болнички услови. Клиниката е опремена и со нова опрема во вредност над 110 милиони денари. Oваа клиника на златарите од СДСМ може да им ја покаже Катерина Шахпаска која вчера стоејќи пред новиот објект тврдеше дека тој не постои, како што според Шахпаска и СДСМ не постојат ни сите други инвестиции во здравството. Наредниот пат СДСМ би требал да се обиде да ја замени Шахсапска со Дејвид Коперфилд, за да им биде колку-толку поуспешен обидот за илузија дека она што е изградено, не е изградено.
-За првпат по 50 години во Република Македонија, Владата ја основа првата државна кардиохирургија. Вкупната инвестиција е во вредност околу 140 милиони денари (околу 36 милиони денари за градежниот дел и над 100 милиони денари за најсовремена опрема со која може да се вршат сите типови кардиохируршки процедури).
-Целосна реконструкција на Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Јасеново“ – Велес во вкупна вредност од 126.375.433 денари.
-Комплетно нов Дијагностичко-ургентен центар во рамки на Клиничка болница Тетово, со кој значително се подигнува нивото на квалитет на здравствените услуги во овој регионален медицински центар кој покрива поширок регион во околината. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 191.063.368 денари.
-Оваа влада изгради нова болница во Охрид.
-Целосна реконструкција на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир – Скопје, во вредност од 86.061.823 денари.
Кога СДСМ зборува за инвестиции и грижа за здравствениот систем, логиката вели добра ноќ, а продавачите на бисери и ѓердани тријат раце.
Кредибилитет да го критикува здравствениот систем во кој нема вложено ниту денар за набавка на нов апарат, нема испратено ниту еден доктор на едукација, ниту има поставено клинец за реконструкција на некоја болница или темел за изградба на нова болница, СДСМ не може да си купи со лаги и манипулации.
Може само да продолжи со нив, бидејќи друго не знае и не умее. За 66 дена народот ќе ги казни 10-ти пат по ред. Ита поразот за СДСМ.
  
СДСМ може лагите и манипулациите да ги повтори уште 100 илјади пати бидејќи очигледно е дека има време на претек – освен лаги и

Пронајдете не на следниве мрежи: