Oчајот и паниката во СДСМ пред сигурниот пораз на изборите се зголемуваат од ден во ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Продолжува срамното сценарио на СДСМ за создавање алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите.
СДСМ продолжува со заканите и притисоците кон Уставниот суд.
Преку своите невладини платеници СДСМ им се закануваше на Уставните судии дека за уши ќе ги влече и на клоци ќе ги изнесе надвор од судот. Нечуено и срамно.
СДСМ сака да се врати времето кога за 15 минути си бираше 617 судии и стотина обвинители. СДСМ сака апсолутна контрола над судството.
Околу поврзаноста на партиите и судството СДСМ најдобро да позборува со уставниот судија Наташа Габер, сестра на Виктор Габер од СДСМ. Истото СДСМ може да го направи и со Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, кој пак е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, СДСМ сонува за ваква партиска испреплетеност во судскиот систем.
СДСМ преку срамните притисоци врз судството го покажува своето тоталитарно лице и демократскиот капацитет. Затоа граѓаните го држат СДСМ далеку од власта.
СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш за да ги поништи измените во законот за помилување. Дијаметрално различно од денешните ставови.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е партија која го менува својот став во зависност од дневно партиските потреби, намерно создавајќи кризи во рамките на своите деструктивни сценарија.
СДСМ силно го поларизира народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите се срамат сите граѓани на Македонија. Затоа казната за СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат десетти пат по пред.Во продолжение следува интегрален текст реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Продолжува срамното сценарио на СДСМ за создава