Медиумите кои секодневно отстапуваат илјадници секунди за пропагандата и манипулациите од фабриките за афери на СДСМ во своите информативни програми повторно известуваа селективно. Граѓаните кои ги следат овие медиуми повторно немаа можност да ја слушнат вистината и да добијат вистинска слика за случувањата во земјата.На Телма ниту на 24 Вести немаше ниту еден збор за грубиот притисок кој СДСМ го врши врз Уставниот суд и за заканите кои ги упатува преку своите невладини експоненти.
На ТВ 24 Вести немаше ниту збор за потпишаните договори за вработување на 112 поранешни професионалци од Армијата кои по даденото ветување од
Владата ја дочекаа и реализацијата на истото. Но затоа 24 Вести не пропушти да оддели 1170 секунди од својот централен информативен блок за тезите на СДСМ базирани на лаги и манипулации.
ТВ Телма во својот централен информативен блок одвои 420 секунди за пласирање на ставовите на опозицијата базирани на измислици и конструкции од фабриката за афери.
Порталите како А1Он, Либертас, ПлусИнфо, Фокус на Чауш и Арсиќ и Нова тв и вчера како да работеа по нарачка од Бихаќка продуцирајќи 120 текстови со неаргументирани критики кон ВМРО-ДПМНЕ и 90 текстови во кои се промовираат измислиците и манипулациите на СДСМ.
Ова се фер и избалансираните медиуми според СДСМ. Само медиумите кои им отстапуваат илјадници секунди и пишани текстови секој ден за потребите на пропагандата на СДСМ базирана на лаги и манипулации за СДСМ се добри медиуми кои не ги вклучува во своите извештаи за медиумите. Само од почетокот на март СДСМ за своите лаги и манипулации добил 47.295 секунди во само еден програмски појас на две телевизии и околу 2400 текстови кои граѓаните ги препознаваат како нарачки од Бихаќка.
СДСМ сака сите медиуми да се вакви. СДСМ не сака слободни медиуми, туку тотална контрола врз медиумите. СДСМ сака сите медиуми да ги шират нивните лаги од фабриките за афери како измислиците за наводните афери со пасошите, личните карти, возачките дозволи, Даниела Рангелова од Брвеница и жителите на Битола кои СДСМ ги прогласи за фантомски гласачи. СДСМ сака сите медиуми да им помагаат во сценариото за создавање алиби за бегство од избори, за одложување на изборите или за непризнавање на изборниот пораз.
За оние медиуми кои нема да ги следат нарачките за пропмоција на фабрикациите на СДСМ, Заев бара одземање на лиценци и драконски парични казни.
Ваквиот тоталитарен пристап на СДСМ кон медиумите го има уште само во Северна Кореја и ИСИС.На Телма ниту на 24 Вести немаше ниту еден збор за грубиот притисок кој СДСМ го врши врз Уставниот суд и за заканите кои ги упатува преку свои