СДСМ ако сака да одлучува околу продажбите на државниот имот, треба да излезе на избори и да се бори за довербата на граѓаните, а не да се крие зад мизерните изјави на Стефан Богоев.Во време кога за само два месеци се промовирани 34 проекти за младите кои го подобруваат и ќе го направат уште подобар во иднина стандардот и квалитетот на живот на младите, Стефан Богоев со неговите настапи од кои се срамат и оние кои стојат позади него, пропаѓа во мизеријата со која се полева, презентирајќи ја целата деструктивност и ароганцијата на СДСМ.
Нема да е прв пат ароганцијата и бедотијата во духот да уништи млади луѓе, граѓаните се нагледале вакви ликови во редовите на СДСМ.
За потсетување на Богоев и СДСМ, еве ја листата на најновите 34 проекти наменети за младите: Вчера беа претставени најновите 7 проекти:
1. Намалување на партиципацијата за 50% за студентите од самохрани и еднородителски семејства
2. Отворање на специјализирана национална математичка гимназија, која ќе нуди образование по посебни наставни планови и програми
3. Нов отворен базен во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“
4. Нов Конгресен центар во Охрид
5. Парична стимулација за упис на техничките факултети
6. Возобновување на Учителската школа во Скопје
7. Изградба на современи и подвижни бини за настани и манифестации на плоштадите.
Покрај овие најнови 7 проекти, ова се уште 27 други проекти за млади промовирани во изминатите 2 месеци:
1. Еден клик,
2. Промена на студентскиот статус,
3. Саем на средношколски иновации,
4. Отворен пливачки базен во општина Шуто Оризари,
5. Нова спортска сала за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид,
6. Затворена тениска арена во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,
7. Гимнастичка сала во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,
8. Нов амфитеатар со 9.000 седишта во Скупи за одржување на концерти, претстави и други културни настани со што овој амфитеатар ќе биде единствен во целиот регион,
9. Загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии секоја година,
10. Комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје,
11. Стипендии за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и за нивните професори,
12. Нови пет скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово,
13. Целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола во кој ќе биде сместена новата матична служба во Битола за регистрација на брачните парови,
14. Купи куќа за млади,
15. Средношколска среда,
16. Бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети,
17. Бесплатни патувања за најдобрите студенти во Париз, Венеција и Барселона,
18. Железнички викенд за млади до 27 години, 1 и 3 викенд од месецот,
19. Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици (англиски, француски и германски) за млади до 29 години,
20. Перални и сушални во студентските домови низ државата,
21. Изградба на фитнес зони во 18 градови низ Република Македонија,
22. Отворање на нови читални во Велес, Струмица и Аеродром,
23. Изградба на 150 игралишта за баскет,
24. Инвестирај во својата иднина – стипендирање на постдипломски и докторски студии,
25. Ново матично во Скопје,
26. Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје,
27. Комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски.
На граѓаните не им треба потсетување за кого им е во најдобар интерес да гласаат на 24 април. Кога ќе го видат Богоев, го гледаат лицето на СДСМ од кое се срами секој Македонец.Во време кога за само два месеци се промовирани 34 проекти за младите кои го подобруваат и ќе го направат уште подобар во иднина стандардот и квали