Само СДСМ се обидува да го игнорира фактот дека се инвестирани најмалку 100 милиони евра во изградба и реконструкција на здравствени објекти и уште толку во набавка на современи апарати, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ што се однесуваше на состојбите во здравството.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Тоа што на СДСМ очајно му смета е фактот што тие во нивно време немаа ни процент инвестиции во здравството од тоа што денес се инвестира и гради. Тие наместо министерство за здравство раководеа со министерсво за златарство во кое се набавуваа со народни пари скапи бисери за министерките од СДСМ.
Амбулантата во Лисиче, како и поликлиниката во општина Сарај и новата амбуланта Ѓорче Петров 2 се ставени како приоритети за 2016 година и граѓаните знаат дека тоа што е ветено ќе се реализира.
Граѓаните на Лисиче, како и граѓаните во Македонија ги гледаат реформите и инвестициите во здравството и тоа СДСМ ги боли, па затоа вака хистерично реагираат.
За нивната хистеричност и политичка болка за среќа има лек, а тоа е престојниот пораз на избори кој ита по јубилеен десети пат и ќе им се случи како резултат на нивната безидејна и деструктивна политика.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
Тоа што на СДСМ очајно му смета е фактот што тие во нивно време немаа ни про