СДСМ во услови на безидејност и пропаѓање на нивното деструктивно сценарио продолжува да шири манипулации и да ги плаши граѓаните. Тоа го правеше со шпакулациите за девелвација на денарот, со лагите за грчкото сценарио, а еве и сега со издавањето на еврообврзницата.
Прво еврообврзнцата е финансиски механизам кој се применувал и ќе се применува во Македонија, како и во сите европски земји. Првата еврообврзница ја има издадено СДСМ во 2005 да потсетиме.
Второ еврообврзницата се издава ккао реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави со цел да се спаси од политички пораз на избори. Оваа еврообврзница е внесување на свеж капитал во земјата кој ќе го гарантира нормалниот тек на економијата во услови на криза која СДСМ сака да ја продлабочи. Како што може да се заблежи во објавата на Службен весник станува збор за фианнсирање на две буџетски години.
Трето, Министерството за финансии со ребалансот на буџетот објави дека ќе го намали домашното задолжување, односно двојно помалку ќе ги користи домашните извори за финансирање што ќе остави повеќе средства за кредитирање на домашниот бизнис сектор.
Очигледно СДСМ се води од максимата колку полошо за државата толку подобро за нив. Македонија нема да дозволи деструкцијата на СДСМ да застане на патот на нормалното функционирање на економијата, стопанскиот развој и напредок.
Прво еврообврзнцата е финансиски механизам кој се применувал и ќе се применува во Македонија, како и во сите европски земј