СДСМ секогаш бил трагедија за Македонија. Менуваше име, знаме, територијално ја прераспредели државата и го блокираше референдумот на граѓаните против ваквата распределба. СДСМ никогаш не бил ниту државотворна партија ниту партија на патриоти. СДСМ секогаш бил партија на свиткани кичми, како што ќе каже лично аболицираниот криминалец Зоран Заев, лидер на оваа политичка трагедија за Македонија.Текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Најновите изјави на Заев дека ќе менува Устав за да ја направи Македонија двојазична се само континуитет во антимакедонското делување на СДСМ. Тоа е истата партија за која нејзиниот лидер, аболицираниот криминалец со свиткана кичма Заев, јавно изјави дека е партија на која „не и доликува да биде патриотска“.
Како и секогаш кога Заев ќе истреска нешто од агендата на СДСМ и ќе наиде на се поголемиот суд на јавноста за неговото шарлатанско, штетно и опасно делување, Центарот за комуникации од Бихаќка очајно, очајно лошо се труди да ги убедува граѓаните дека се при очи слепи.
Зоран Заев синоќа пред целата јавност потврди дека ќе го менува Уставот на Република Македонија за да ја направи Македонија двојазична.
Зоран Заев го достигна врвот на срамното однесување кога ги навреди сите Македонци кои не се за воведување на целосна двојазичност на целата територија. Ова барање, колку за споредба, е една од петте заклетви на Али Ахмети пред своите гласачи.
Зоран Заев ги нарече „грдото лице на Македонија“ сите Македонци кои се против промена на Уставот за да се воведе целосна двојазичност. Невидена, незамислива навреда на Заев кон Македонците.
И сега по којзнае кој пат, во очаен обид да се испере од овој невиден срам, СДСМ се обидува да дефокусира со помош на најголемата опсесија на Заев и СДСМ – Никола Груевски.
Јасно е и зошто е тоа така. Имајќи предвид дека целта на Заев и СДСМ е редефинирање и целосна двојазичност како вовед во федерализација на Македонија, во право се што се плашат панично од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Но повеќе треба да се плашат од граѓаните. Бидејќи граѓаните ги имаат и Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како свои сојузници и не само што нема да дозволат спроведување на големоалбанските идеи од страна на Заев, туку и ќе го казнат СДСМ за сето антимакедонско срамно делување. Одговорот на граѓаните кон СДСМ ќе биде жесток.Текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Најновите изјави на Заев дека ќе менува Устав за да ја направи Македонија двојазична се