Пред сигурниот пораз на изборите се зголемува тензијата, очајот и паниката во СДСМ па продолжуваат невидените срамни пресметки на СДСМ со Уставниот суд.- За СДСМ, партијата која во само еден ден смени и избра 617 судии и повеќе од сто обвинители, има само две опции: или судиите ќе се нивни послушници или ќе им се заканува со тепање преку своите невладини платеници. Срамно и невидено. СДСМ кога зборува за поврзаноста на партијата и судството сигурно мисли на уставниот судија Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер – несудениот министер за надворешни работи од СДСМ.
СДСМ кога зборува за партизираноста во судството може да поразговара и со Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокатот на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Во 2009 година криминалната банда без сопствен став СДСМ 2009 беше ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес криминалната банда без сопствен став СДСМ 2016 е ЗА измените во законот за помилување. ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.
СДСМ го менува својот став во зависност од тоа дали на чело на државата имаат претседател кој може да аболицира криминалци како Зоран Заев. СДСМ силно го поларизира народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот. Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите се срамат сите граѓани на Македонија.
Затоа казната за СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат десетти пат по ред, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.- За СДСМ, партијата која во само еден ден смени и избра 617 судии и повеќе од сто обвинители, има само две опции: или судиите ќе се нивни послушни